11.7 C
Прилеп
вторник, 22 октомври, 2024
Пела Радио

Што значи вонредна состојба?

Македонија денеска за прв пат воведе вонредна состојба од независноста. Што ќе значи вонредна состојба на територијата на цела држава во траење од 30 дена?

Владата ќе може брзо и ефикасно да управува со ресурсите на државата и навремено да реагира на предизвиците кои ни претстојат и на здравствен и на економски план, посочи министерот за здравство Венко Филипче поздравувајќи ја одлуката на Претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна состојба.
Вонредна состојба значи дека Владата добива и Законодавна и Извршна власт, напиша министерот за здравство Венко Филипче.

Што значи вонредна состојба?

Вонредна состојба значи дека Владата добива и Законодавна и Извршна власт. Со тоа, се олеснува работата на Владата во време на кризи и истата може да носи одлуки за добро на граѓаните многу побрзо и поефикасно.

ℹ Како Владата го прави тоа?

Преку носење на Уредби со сила на закон, кои важат само додека трае вонредната состојба.

ℹ Дали ќе има полициски час или ограничување на движењето?

Во овој момент нема таква одлука, следете ги сите понатамошни одлуки на Владата и ќе бидете информирани за евентуални ограничувања на движење.

ℹ Дали треба да направам резерви на храна?

Не, во државата има доволно резерви и на храна. Останете во своите домови, не излегувајте доколку немате потреба и купувајте онолку колку што ви треба.

Придржувајте се до мерките и препораките, само тако побрзо и полесно ќе ја надминеме оваа состојба.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2340285436278476

Би можело да ве интересира

Премиерот Заев да ги исполни ветувањата, повикуваат тутунарите

Гордана Цветаноска

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице

Пела Редакција

Новите налепници со НМК ќе бидат бесплатни за граѓаните-ако ги немате до 12 февруари не ќе може да излезете од земјава со кола

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе