ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со над 800 учесници Прилеп Куп за прв пат ќе се одржи во најфудбалскиот град во земјава (ВИДЕО + ФОТО )

48 Екипи ќе се натпреваруваат на Прилеп Куп

1.153

Уште една спортска манифестација ќе го обележи викендот пред нас . (од 19 до 21 Август ) Прилеп Куп – турнир во фудбал за неколку младински категории кој го организира фудбалскиот клуб Прилеп во соработка со Општина Прилеп.Учество ќе земат над 800 талентирани фудбалери од фудбалските школи ширум земјава а ќе се натпреваруваат 48 екипи поделени во неколку групи.Пропозициите за ова прво издание велат дека ќе се натпреваруваат екипи за генерациите 2009 , 2010, 2011, 2012, 2013 и 2014.Натпреварите ќе се играат на стадионот на могила ,стадионот со вештачка трева како и градскиот стадион каде е планирано и да биде завршницата на турнирот.Гостин во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  беше прилепската фудбалска легенда Тони Наумоски кој е и иницијаторот за организацијата на овој турнир.За време на неговото гостување тој истакна дека одека и покрај тоа што како турнир кој се организира прва година ја немал подршката од поголемите фирми од градот но сепак е благодарен што општината заедно со градоначалникот ја подржуваат во целост оваа идеа.Наумоски додаде дека Прилеп повторно ќе биде во центарот на вниманието во Македонија со овој турнир каде покрај дружењето и натпреварите во сите категории , важно е што на ваков начин уште повеќе фудбалот се промовира и доближува до децата.

За најдобрите во сите категории организаторите обезбедија и пригодни награди и подароци се разбира за уште поголема мотивација за сите деца кои го сакаат овој спорт а почнувајќи од утре прилепчани а и сите вљубеници во фудбалската игра натпреварите ќе можат да ги следат на трите фудбалски локации во градот под Марковите Кули.Полуфиналните дуели и финалето ќе се играат во Недела на градскиот стадион Гоце Делчев.Во продолжение и разговорот во целост со Тони Наумоски.Тимот на Радио Пела и овој пат како медиумски покровител на настанот ја дава несебичната подршка за оваа супер фудбалска идеа која треба да стартува и да продолжи да се негува и во наредните години .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: