ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Со засаување на садници Прилеп го одбележа Денот на екологијата и пролетта

354

Денот на пролетта 21 март, одбележан со разеленвуање на околината на Прилеп. Градоначалникот Борче Јовчески  и преставници од советот и од ЈКП , заедно со ученици од основните училишта и екологисти беа дел од еко акцијата која опфаќаше засадување на садници  во ООУ „Кочо Рацин“,населба Точила и во околината на манастирскиот комплекс „Трескавец“.


Украсни туи беа засадени во дворот на ООУ Кочо Рациц, 15 јаворови дрвја во паркот во населба Точила и 50 бадемови дрвја во околината на манастирскиот комплекс „Трескавец“.

Во изминатиов период бевме силно посветени на чистење на огромен број на депонии и на запуштени градски локации. Денеска  сите  основни училишта  се вклучени во одбележувањето на Денот на пролетта и Денот на екологијат, во акции за  чистење на нивните училници и дворови ,  што говори за важноста за подигнување на свеста кај младата популација за грижата за околината . Денеска ние како локална самоуправа одлучивме,пак,  да ставиме акцент на засадување дрвца на повеќе локации со што се надевам дека ќе ја подигнуваме свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.„ – соопшти Јовчески

Во наредниов период локалните васти најавиа дека  ќе продолжат со еко акции за засадување на дрвја, при што за оваа година  палнирани биле  3000 садници.

Денеска беа засадени и садници на туи во паркот кај типскит и обновени и садниците кај споменикот „Карпалак“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: