9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Состојбата во Прилеп во вондредни услови

                 Одвивање на полицискиот час

ОВР Прилеп има 6 пунктови во градот, и повеќе патролни единици, кои констатираа дека полицискиот час ,синоќа(22 .03 2020 ),поминал во најдобар ред. За време на полицискиот час, не се забележани никакви прекршување на редот или било какви други инциденти.

         

                                                             Состојбата со заболени

На едно лице од Прилеп е земен материјал, односно брис, кој е испратен на испитување во Институтот за јавно здравје во Скопје. Во самоизолација се наоѓа 161 лице, а заради непостапување според здравствените прописи, поднесена е уште една, осма по ред кривична пријава. 

Упатувајќи уште еден апел до своите сограѓани за почитување на мерките на Владата, МВР и Министерството за здравство, градоначалникот Јованоски напомена дека од денеска во Прилеп, преку матичните лекари, ќе се земаат по 7 примероци на брис од сомнителни случаи, кои ќе бидат испраќани на испитување во Институтот за јавно здравје во Скопје

                       Заштитни маски

Прилеп прави напори да ги задоволи побарувањата за заштитни маски.  До овој момент,  поделенeни се  9.500 маски.

„На располагање имаме уште неколку илјади маски, а општествено одговорните компании од нашиот град и натаму работат на изработка на нови количини кои ќе им бидат донирани на институциите и граѓаните од Прилеп„.-изајави Илија Јованоски градоначалник на Прилеп 

 

Пакети со храна и средства за хигинена на загрозени семјества

Компаниите за донирање социјални пакети позитивно одговорија и од Општинската организација на Црвениот крст се врши распределба на пакетите.

„Во постојана комуникација сме и со Регионалната канцеларија на Стопанската комора, кои ќе помогнат во набавка на средства за дезинфекција“, истакна Јованоски.

 

Би можело да ве интересира

Започна реконструкцијата на патот за Мариово,Крушево ќе ги реконструира улиците

Елизабета Филипоска

Прилеп: Еден новозаболен и шест оздравени од корона вирус

Се асфалтира патот кон Вештачкото езеро во Прилеп- сообрајќајот се одвива на една коловозна лента

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе