9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

ОТКРИЕН СПОМЕНИК НА ТОШЕ ВО НОВА ГРАДИШКА

Во Хрватска, во Нова Градишка на шеталиштето „Новоградишки куриозитети” , во близина на местото каде што загина легендарната македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, откриен е споменик со неговиот лик, во негова чест.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Камената статуа на музичарот е дело на скулпторот Славко Буниќ, а идејата Тоше Проески  да добие споменик во Нова Градишка, била на Ѓуро Хорват,  директор на хрватската компанија „Техникс“, која соработувала со македонски претпријатија.

Тамошниот градоначалник Гргиќ, на официјалната страница објави дека трагедијата оставила непрекинлива поврзаност помеѓу Нова Градишка и Крушево.

На откривањето на споменикот присуствуваше и градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

50 + 10 денари за паркинг на Пиво фест во Прилеп

Елизабета Филипоска

МЦСР Прилеп отвара подрачни канцеларии во Ропотово и Кривогаштани

Гордана Цветаноска

За Илинден посебен сообраќаен режим и на регионалните патишта кон Крушево

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе