ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Сугарески: Меѓу Шаторов камен и Топташ, ќе го реализираме проектот „Семеен парк Прилеп“

1.142

Дел од изборната програма денеска презентираше кандидатот за градоначалник на Прилеп Горан Сугарески, од СДСМ и Коалицијата:

„Прилеп располага со одлични природни ресурси, кои можат да бидат ставени во функција на развој на алтернативниот туризам и здравите животни навики. За остварување на таа цел, на локацијата помеѓу месноста Шаторов камен и Топташ,ќе го реализираме проектот „Семеен парк Прилеп“, за кој со гордост можам да истакнам дека ќе биде еден од најубавите мултинаменски спортско-рекреативни центри во државата.

Семејниот парк Прилеп, кој ќе се простира на површина од 1 милион метри квадратни, што е површина од околу 15 фудбалски стадиони, ќе нуди широк спектар на спортски, рекреативни и забавни содржи, заради што ќе прерасне во посакувана дестинација за сите генерации на граѓани од општината и државата.

Патеки за пешачење, велосипедска патека, летниковци, амфитеатaр, цветна градина, парк за миленици, пултови за социјални игри, се дел од содржини со кои ќе располага Семејниот парк Прилеп.

За забава на најмладите, комплексот ќе изобилува со детски паркови. За љубителите на екстремните спортови, ќе има адреналински игралишта и болдеринг на приородни и вештачки карпи,“посочи во изјава за јавноста Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ и Коалицијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: