ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Тампонирање на локални патишта, улични светилки, чистење на каналите за атмосферска канализација… бараат жителите од Општина Новаци

597

Tампонирање на локални патишта, бетонирање и чистење на каналчиња за атмосферска канализација, замена на улични светилки, санација на бандера за улично осветлување, проверка на исправноста на мостот на 9 тиот канал, проширување на патот, реконструкција на детсиот парк во с. Далбеговци се само дел од предлоците на  жителите на од селата Далбеговци, Горно и Долно Агларциво Оптшина Новаци, упатени до градночалникот Стевче Стевановски кој ги посети, заедно со претседателката на Советот, Славица Стојковска Најдовска.

Повод и причина е новата фискална година и планирање на буџетот за 2022 г.

„Слушнеме што е она што на жителите им треба, како можеме да им помогнеме да ги решиме нивните проблеми преку соодветно планирање на средствата од буџетот на општината. Покрај клучните проекти од мојата изборна програма кои ќе се прават во овие села ќе ги земиме во предвид и предлозите на жителите “ рече градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски.

Во следниот период градоначалникот Стевановски најави посета и на другите населени места во Општина Новаци и средба со месното население. Покрај ваквите директни средби жителите ќе можат да даваат предлози,но  и да пријавуваат проблеми на веб страната на Општина Новаци.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе