12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Театарот „Војдан Черндорински“ на фестивал во Никшиќ

 Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „ Љубовни пози на историјата (,,Figurae, veneris, historiae“ ) од Горан Стефановски, во режија на Наташа Поплавска,  ќе учествува на 15 издание на Меѓународниот фестивал на глумци што од ,денеска , 26-ти  ноември до 2 -ри декември 2018 се одржува во Никшиќ.

Настапот на театарот е на 29 ноември, а публиката ќе има можност да ја проследи одличната претстава која отвора бројни прашања во однос на војната, љубовта, интимата, политиката и моралноста.

Претставата „Figurae Veneris Historiae“, во која играат  Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска , Игор Трпчески, Зоран Иваноски,  Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска , Димитар Црцороски,  Наташа Наумоска,  Илија Волчески,  Ангела Наумоска и Михајло Миленкоски,  јасно покажува дека војната менува сѐ, тргнува во неочекувани правци, ги трансформира луѓето, ги прави  ѕверови, непрепознатливи, различни од порано. Но колку и да изгледа парадоксално, вистинската сила која го придвижува дејството во оваа претстава не произлегува од суровоста и страдањето, туку од љубовта  и силните емоции.- е приказната која ја пренсува преставата.

Би можело да ве интересира

Вечерва „Хамлет“ на сцената на прилепскиот театар

Елизабета Филипоска

Цртежи збогатени со колаж, модерно и фино избалансирани – изложба на Лазеска во Цепенков

Елизабета Филипоска

Градска библиотека „Борка Талески“: Промоција на книгата Радио од новинарот Љупчо Јолевски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе