12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Трескавец посетен од Министерот за култура

Министерот за култура, Хусни Исмаили во работна посета на Прилеп, НУ Завод  и Музеј – Прилеп и манастирскиот комплекс Трескавец, каде што се запозна со текот на работите на проектот „Обнова на опожарените конаци Трескавец“. Проектот за изградба на  конаците е вреден 2,2 милиона евра и е целосно финансиран од Министерството за култура.  Со него всушност, се  враќа автентичениот изглед на конаците од 19. век.

Црквата Успение на Пресвета Богородицa, во рамките на манастирот, датира од 14. век и со својот богат живопис е значаен споменик на културата, заштитен со закон.

Манастирот Трескавец, чии што конаци досега три пати изгореле во пожар, е на листата незаштитени споменици на културата од УНЕСКО.

Доколку во иднина се обезбедат средства во манастирот да се изгради и водовод, а имајќи предвид дека до манастирот води и асфалтиран пат во должина од седум километри, овој споменик на културата ќе биде лесно достапен и ќе ги исполнува сите услови за да биде дел од туристичката мапа на Македонија

Манастирот во кои целосно беа изгорени конаците, беше опожарен 4 –ти фебруари 2013 година.

Би можело да ве интересира

Министерот за земјоделство  во посета на  Прилеп

Елизабета Филипоска

Потег за пофалба: За прват прилепските ученици на практична настава во МЕПСО

ЈП „Комуна“ Крушево апелира до граѓаните…

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе