16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Потег за пофалба: За прват прилепските ученици на практична настава во МЕПСО

За првпат, десетдневна феријална пракса во трафостаницата на МЕПСО во Прилеп ,  ќе имаат  група средношколци од средното техничко училиште „Ристе Ристески – Ричко“.

 Меморандумот за соработката што, неодамна, го склучија МЕПСО и училиштето, е основа за плодна меѓусебна соработка, од која еден аспект е практичната настава за учениците од електротехничката струка.

Освен праксата МЕПСО отвори можност за донации во проекти кои го унапредуваат образовниот процес, а се разгледуваат и опциите за донирање високонапонска опрема во функција на нагледни средства за училиштето.

Учениците ќе добијат практични знаења од предметот „Разводни постројки“ кои ќе им ги пренесат искусните стручни лица кои работата во трафостаницат „Прилеп“.

Ова е дел од проектот на МЕПСО во сегментот на општествена одговорност со кој се афирмира електротехничката струка во средните училишта во шест градовите во кои МЕПСО има свои трафостаници.

Дополнително и особено значајно за подобрување на квалитетот на практичната настава за учениците е можноста, во претстојната учебна година, да ги следат активностите на модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“. 

Имено, неодмна МЕПСО склучи и договор за модернизација на трафостаницата „Прилеп“ која вклучува промена со нова на високонапонска опрема што е во функција 40 години. Станува збор за вградување на нови прекинувачи, разделници и мерни трансформатори  и нова опрема за контрола и далечинско управување со трафостаницата, нов системи за мерење електрична енергија и  нов систем за релејна заштита. Вредноста на овој проект е 1,1 милиони евра, а изведувачи „Кончар КЕТ“ од Хрватска и домашната компанија „Елтек“.

Овој проект ќе овозможи Прилеп и неговата околина да добијат стабилно и сигурно снабдување со квалитетна електрична енергија во наредните 20 години

Би можело да ве интересира

Осумничени 32 лица за злоупотреба на 700.000 евра во прилепската болница

Репрезентативците на отворен турнир во забрзан шах

Боево гаѓање Леково

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе