ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Трите фронта за спас на Победа

Акционерите го отстапуваат уделот во АД Победа за по 1 евро

1.161

Прилепска Победа се бори на три фронта со цел да обезбеди опстанок: клубот организационо се трансформира преку отстапување на акциите; стадионот е во ек на реконструкција; екипата до крајот на сезоната во Првата лига ќе води лавовска битка за опстанок.
1. Започнува трансформација на управувањето со Победа
Петмината акционери ги отстапуваат своите удели во АД Победа за по 1 евро. За спас на клубот акционерите ги отстапуваат акциите од Фудбалскиот клуб за симболична сума од вкупно пет евра. Клубот нема да биде во сопственост на општината, туку идејата е да се трансформира во градски клуб, колектив со кој ќе управуваат градот, компании и граѓани кои се заинтересирани да инвестираат во неговиот опстанок и иднина. Идејата е да се врати клубот на оние на кои што припаѓа на градот Прилеп.
– Акционерите сите едногласно донесоа одлука дека сите ги продаваат сите акции за номинална вредност од по едно евро. Акциите ќе бидат објавени на јавен оглас зошто се работи за АД постојат одредени регулативи законски врз кои што треба да се повикаме. Веќе потписите се обезбедени, согласноста е обезбедена од сите, само еден од акционерите не е физички присутен тука, чекаме и тој да биде присутен и ги даваме на јавна објава акциите, потенцираше Ирена Јакимоска еден од акционерите на Победа која рече дека менаџирањето на Победа како АД е сериозна обврска и е исто како и сите други акционерски друштва и компании.
2. Изградба на стадионот
Кога Градскиот стадион Гоце Делчев ќе биде оспособен за да ги прими играчите и публиката? Општина Прилеп ја има обврската за изградба на северната и јужната трибина на стадионот. Општината секогаш ќе обезбедува логистига за клубот, а поддршката останува и понатаму. Секоја година од општинскиот буџет и поранешната и сегашната локална власт оддвојува по 3 милиони денари .
– Предминатата седмица Советот на Општина Прилеп донесе одлука за оваа година да се доделат 3 милиони денари за Победа. Поради претседателските избори тие средства ќе бидат префрлени на клубот по 5 ти мај. Северната трибина се покрива, во тек е тендерската документација за правење на јужната трибина околниот ѕид и сите оние инфраструктурни елементи што му следуваат на Градскиот стадион. За таа цел за тендерот се обезбедени околу 10 милиони денари, а за градежните работи за другиот тендер се 30 милиони денари за реконструкција на трибините. Добив уверување од ФФМ за договорот што треба да го исполнат да бидат ставени во функција рефлекторите и тревникот на станионот. Јас се надевам дека она што имаат обврска тие и ќе го направат. Сигурен сум дека до почеток на наредната сезона трибините ќе бидат направени потенцираше градоначалникот Илија Јованоски, упатувајќи апел до сите заинтересирани стопанственици и граѓани кои го сакаат фудбалот и Победа да вложат одредени средства.
На фудбалската федерација на Македонија останува обврската за оспособување на теренот.Според проекциите Победа ќе може да настапува на својот стадион од наредната натпреварувачка сезона.
3. Лавовска битка за опстанок на екипата во Првата лига
Она што е во моментов најважното прашање е како да се обезбеди опстанокот на Победа во елитната македонска фудбалска лига.
– До крајот на сезоната ја преземам одговорноста да раководам со клубот, за добро да се организираме. Ќе се обидиме да опстаниме во Првата лига. Ова е еден од најтешките моменти бидејќи сме единствен клуб во светот кој што 3 години играме на туѓ терен, надвор, а тој притисок не е само финансиски туку и обезбедувањето на бодови, посебно кога се борите за место на табелата, зашто ја немате помошта од публиката, вели Миле Спиркоски досегашниот генерален секретар на клубот.
До крајот на првенството во Првата фудбалска лига остануваат уште 13 кола, тоа се исто толку надежи за опстанок на прилепска Победа, а за таа цел неодамна од старо- новиот тренер Тони Мегленски стигна убедување дека екипата ќе игра до последната капка пот за да остане во елитното друштво.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе