9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Црвен тепих на хуманоста – дарување и љубов, божиќни песни и радост !

Акцијата “Црвен тепих на хуманоста” уште еднаш покажа хуманост, човекољубие и радост меѓу прилепчани,  и се што е во духот на најрадосниот празник – Божик, Раѓањето на човекољубецот.  Иницијативата бешеспроведена од невладината организација “Бадникови поворки“ . Децата од детскиот хор при храмот Св.Кирил и Методиј, симболично пештерката ја спровeдоа од параклисот на Свети Никола до камената бина, каде што хорот се претстави со божиќни песнички. Притоа, градоначалникот Борче Јовчески традиционално ги даруваше бадникарите со божиќни подароци.

„Симболиката на оваа поворка е претставување на раѓањето на Исус Христос. Како што коледарчињата одат и го најават христовото раѓање, преку овчарчињата и ангелите кои што излегле и го објавиле христовото раѓање, затоа добиваат пригодни подароци бидејќи ни го навестуваат Христовото раѓање“, посочи отец Веле Спиркоски.

Хуманитарна акција “Црвен тепих на хуманоста” се одвиваше на 03,04 и 05 јануари. Прилепчани ја покажаа својата хуманост донирајќи нерасиплива храна пред пештерката која ќе биде поделена на социјално ранливите семјства од страна на организаторите “Бадникови поворки“.

Би можело да ве интересира

Нови, итни заштитни мерки од Општина Прилеп за ранливите категории

Гордана Цветаноска

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар

Во тек дистрибуција на изборниот материјал – гласачките ливчиња со 21 заштита

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе