29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Денеска е Божиќ! Православните верници се поздравуваа со „Христос се роди!“ – „Навистина се роди!“

„Христос се роди!“ – „Навистина се роди!“ – со овие зборови православните верници денеска си го честитаат празникот Божиќ, раѓањето на синот божји, Исус Христос.
Христово рождество е исполнување на сите човечки копнежи, пророштва и очекувања, реализирање на севкупната и неуништлива жед на човекот кон доброто. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат божикни литургии.


Ова се денови кога се најпотребни мир и спокојство меѓу луѓето ,единство кај македонскиот народ, меѓу Македонците што живеат надвор од државава. Христос за православните христијани преставува единствената смисла на живот, што подразбира  љубов према себе си , љубов према другите ,  да се почитуваа човечкото достоинство и правото на живот, на слобода и  мир.

Божиќ или Божик е денот на христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден.  Црквите кои го користат Грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември.  А , црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ денеска,  на 7 јануари и со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

По повод Божик Божествена Златоустова литургија ќе се одржи во прилепските храмови со почеток од 07 ч.

Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.

Би можело да ве интересира

Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп

(ВИДЕО) Се крои почетокот на тутунскиот откуп

Пела Редакција

Оперативен зафат кој прв пат се изведува во прилепската болница – 29 годишен пацент спасен од трајно оштатување на мозокот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе