18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Тутунарите со активна поддршка на протестот на оризопроизводителите

Кочанските оризопроизводители утре ќе го блокираат регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Облешево, со цел изнаоѓање на решение за откупната цена на оризовата арпа.

Протестот на кочанските оризопроизводители е најавен утре во 10 часот во селото Облешево. Новоформираните тутунски здруженија од името на тутунарите даваат целосна поддршка и активно ќе учествуваат на истиот:

„Ние тутунопроизводителите, кои на своја кожа почуствувавме што значат погрешни државни политики, празен стомак и потценет труд се солидаризираме и даваме ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА на истиот на кој активно ќе присуствуваме и ние. Воедно ја користиме оваа прилика во името на оризопроизводителите да ги повикаме сите останати земјоделски гранки да се приклучат бидејќи маката на една земјоделска гранка е мака на сите земјоделци.

Гладниот земјоделец значи гладна држава и затоа: Време е заедно и сложно!!!“, стои во соопштението за јавност на новоформираните тутунските здруженија.

Меѓу барањата на оризопроизводителите е средба со премиерот и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство за изнаоѓање решение за откупната цена. Денеска премиерот, Димитар Ковачевски при посета на фабриките во ТИР зоната во Штип на оризопроизводители им порача дека ресорниот министер и неговиот тим ќе имаат средба на која што можат да ги презентираат барањата на оризопроизводителите.

 

Би можело да ве интересира

Комфи Ангел го прослави својот 14-ти роденден

Квалитет за Вашата безбедност – АВТО КОНТРОЛ ПРИЛЕП (ВИДЕО -ФОТО)

Гордана Цветаноска

Ново големо поевтинување на горивата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе