8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

ВАРДАР НОКАУТИРАН, ТОА И ГОДИ НА ПОБЕДА!

Предмалку екипата на скопски Вардар загуби со 2:1 во Битола од Пелистер, во 23. коло од Младинската фудбалска супер лига. Стрелци се Мартин Богданоски во 5. и Христијан Торнески во 33. минута за Пелистер, а Никола Величковски во 87. за Вардар. Овој резултат и годи на прилепска Победа, која е кандидат за титулата шампион. Така, на табелата Вардар води со 52 бода, но со два меча повеќе од Победа која има 50. Прилепските млади фудбалери се со голема шанса да се искачат на првото место и таму да останат до крајот. Оттука внимание привлекува утрешниот дуел во Прилеп, каде Победа го чека скопски Работнички, тим на 12. место со 11 бода. Се очекуваат многу гледачи покрај игралиштето со вештачка трева.

Мечот Победа – Работнички утре (недела) почнува во 12 часот.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Прилеп со Лука Најдоски и Фил Феникс во врвот на воздухопловните спортови (ВИДЕО)

Пела Редакција

Се одржа годишното собрание на Европската боксерска унија – Чатлески македонски претставник и делегат (ФОТО)

Филип Мирчески е новиот тренер на Победа, а подготовките стартуваат в среда

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе