16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Во комбе на крушевчанец, полицијата пронашла 45 лица од Пакистан, Сирија и Авганистан

Во СВР Куманово вчера во 09.30 часот е приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Од МВР појаснуваат дека истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.
Во комбето биле пронајдени 45 лица-мигранти и тоа 42-ца од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан. Возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „голф“ и приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена жена во сообраќајка меѓу прилепски автомобили

Прилепчанец нападнат со секира пред обложувалница

Елизабета Филипоска

Автобус со работници се преврте кај Битола

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе