9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Втора обука на тема консолидација на земјоделско земјиште

Во Прилеп се одржа втората обука на тема “Како да се идентификуваат и селектираат најпогодните области за консолидација на земјоделско земјиште”. Информативната трибина е дел од проектот MAINLAND, финансиран од Европската Унија.

Околу 25 претставници на подрачни единици на МЗШВ, како и советници од Националната агенција за развој и поттикнување на земјоделството (АПРЗ) се обучуваа да ја применат постапката за избор на области за консолидација на земјоделско земјиште. По обуката, учесниците ќе имаат поголемо разбирање за тоа како да ги идентификуваат потенцијалните области за консолидација на земјоделско земјиште и како да работат заедно со локалните земјопоседници и земјоделски заедници во процесот на изразување на интерес за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште.

Обучените вработени во МЗШВ и АПРЗ се назначени за контакт лица за консолидација на земјоделско земјиште во соодветната општина и понатаму ќе бидат вклучени во кампањата за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште која ќе се спроведува во текот на ноември 2017 година.

Проектот е финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште” – или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,5 милиони евра. Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Би можело да ве интересира

(ФОТО)Витаминка се преставува во Бугарија, на саемот Интерфуд & Дринк во Софија

Интервју со Никола Мариноски: „Увозот„ на работна сила е само едно од решенијата за надополнување на недостигот на работници

Пела Редакција

Сојуз на тутунски здруженија: не е отпочната исплатата на субвенциите за тутун

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе