И, откако утрово конечно проработи веб-страницата на ДИК, повторно има проблеми. На сајтот на ДИК ги има податоците за излезноста, но не и резултатите од изборите.
Во таа насока и прилепските ограноци на партии, учесници во предвремените паралментарни избори, денеска молчат за изборниот процес. Еуфоријата на радоста ја нема ниту кај победникот, ниту кај „губитникот“ со обрајќање до гласачкото тело за изразување на благодарност што го дале својот глас, што вообичаено правата партиите по изборите.
Статус – кво е во прилепските политички ограноци, без официјално соопштување за изборната победа.
Сите карти се отворени по прашањето кој ќе биде мандатар на новата македонска Влада , по објавувањето на неофицијалните конечни резултати од изборите. Па, се чини дека во овој момент не е ни мудро да се рефлектира политичка самоувереност, зашто и ДИК сеуште е неофицијлен со бројки, по хакирањето на страната од пред три дена .
Страницата на ДИК некое време не функционираше и вчера, откако беше цел на хакерски напад по затворањето на гласачките места.