ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За“крпен живот“ со македонската потрошувачката кошница

647

Просечната плата и потрошувачката кошница пораснале за приближно иста сума во изминатите шест години. Платата за 2.570 денари, а трошоците на живот кои ги пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија за 2.256 денари. Ова значи дека со просечна плата денес може да се купи приближно исто толку колку и во 2011 година. Но, оваа кошничка обезбедува доволно само за „крпен“ живот. Околу 13.000 денари за храна, 10.500 за домување, по околу 2.000 денари за хигиена, превоз и облека.

 

Средства за кредити, средства за кирија, средства за училишни прибори, средства за некои дополнителни активности во сферата на културата,спортот, или пак годишните одмори,  не се внесени во оваа потрошувачка кошница.

Само 16,8 проценти од населението може да си ги задоволи сите потреби во текот на еден месец a, преживувањето од први до први е исклучително тешко за побројните домаќинства.

Статистиката говори дека околу 70 отсто од вработените во државата месечно заработуваат помалку од 18.000 денари. Според податоците на Светската банка, 30 отсто од населението живее во сиромаштија односно со помалку од пет долари на ден.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: