9.4 C
Прилеп
четврток, 24 октомври, 2024
Пела Радио

Жителите да си набават водомери – се копаат шахти во с. Саждево за намалување на загубите на вода

ЈП „Комуна“ Крушево започна со ископ на шахти во с. Саждево со што ќе се овозможи поставување на водомери во домаќинствата. Претпријатието ги повикува граѓаните на ова населено место да набават водомери, односно тоа претставува обврска на секое домаќинство.

Благодарение на овие активности ќе се овозможи намалување на загубите на вода и поверодостојно наплаќање на сметките.

„Единствена обврска на сограѓаните од Саждево е набавка на водомери, додека „Комуна“ ќе ги обезбеди сите останати услуги, меѓу кои најголема е ископот на шахти.“, порачуваат од претпријатието.

Би можело да ве интересира

Наскоро, ќе се отвори спомен соба на Васил Иљоски во Крушево

Крушево затрупано со снег

Елизабета Филипоска

Најдоброто од Берлинскиот филмски фестивал во Крушево

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе