16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Жителите од еколошко подрачје Порече отсечени од главниот град на државата

Патот до главниот град на државата Скопје, е најголемиот проблем на Македонски Брод. Изградбата на патот од Поречието до Скопје и после децении останува рак рана за оваа Општина. А, важноста за ваквото инфраструктурно поврзување би значили економско заживување на овој регион, стопирање на миграцијата и повторно населување на дел од селата. Сега, за да се стигне од Македонски Брод до Скопје, потребни се неколку часа, односно возење околу 200 км, а доколку се доизгради дел од патот , таа должина ќе се намали на само 70-тина километри.

 „ Најголем проблем е што дел од патот поминува низ Националниот резерват „Јасен“ што е можеби главната причина што досега ниту една Влада во Македонија не се сака целосно да го реши овој проблем, туку само делумно. На некој начин поради патот закочена е и изградбата на поголем број викенд населеби околу езерото Козјак. Моментално по овој пат може да се поминува, но само во определени термини во текот на денот, а голем дел од патот е премногу тесен и опасен.“ вели градоначалник на Македонски Брод, Жарко Ристески.

Токму низ резерватот „Јасен“ минува патот Скопје – Македонски Брод, кој буквално го сече комплексот. Но, доколку некогаш биде пуштен за сообраќај, од Скопје до Брод ќе се стигнува за час и половина наместо како сега да се кружи половина Македонија, преку Кичево за да се стигне до Македонски Брод.

 

„Владата на Република Македонија нема осет и се уште не сме влезени ниту во програма за изработка и реализација на тој пат. Ние како локална самоуправа не отстапуваме, ја продолжуваме таа битка, се вмрежуваме со здруженијата на поречани и заедно со тие здруженија вршиме директен притисок врз властите. Едно чисто, еколошко подрачје ќе го отвориме кон милионската метропола така да населението ќе може своите производи, сега нели битката е за здрава храна, здрав живот, ќе може да ги пласираме на пазарите во Скопје“, вели  Ристески.

Инаку, поречани во повеќе наврати дури и протестираа за изградбата на овој пат, но засега немаат решение.

Би можело да ве интересира

Подрачната единица на МЗШВ во Прилеп започна со издавање „бели картони“ за тутунопроизводство

Гордана Цветаноска

Со домаќински пристап на единката до успешна компанија

Елизабета Филипоска

Нелогично но вистинито! Македонија во регионот е земја со најниска просечна нето-плата, но е лидер во раст на цените на становите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе