16 C
Прилеп
недела, 13 октомври, 2024
Пела Радио

(Точила) Страв кај жителите од кучињата скитници – има ли градот решение?!

Дали има во нашиот град надлежни да се реши проблемот со кучињата? Четири вакви групи, по 6-8 кучиња ги има во Точила и страшно е децата од училиште да поминат низ населбата, дури  и да ги сликам ми беше страв, за  да се приближам,  зошто едното ако залае,  сите почнуват!  СТРАШНО! „ -пишува наша сограѓана од нас. Точила и бара одговор од надлежните за решавање на оваа појава.

Таа тврди дека има по 6-8  групи (чопор) на кучиња скитници во населбата Точила

фотографија – од нашата сограѓанка -нас.Точила

 

Вака слика, чопор  од кучиња скитници, можат да се видат и низ другите прилепските населби, пред училиштата и на периферијата од Прилеп, и преставуваат сериозна закана за луѓето!Од ЈКП Комуналец тврдат дека само минатата година заловиле 110 кучиња скитници и признаваат дека бројката на кучињата скитници во градот е голема!

 

фотографија – од нашата сограѓанка -нас.Точила

 

Од Прифатилиштето за кучиња на ЈКП Комуналец, често знаат да посечат дека дел од кучињат се чипирани, се безопасни ако не се задеваат,  и дека кучињата се заловени со ушна маркица,  префрлајќи ја одговрноста кај сопственикиците на кучиња кои , како што велат од Пирфатилиштето  „треба одговорно да го чуваат својот миленик“

        А, социјалните мрежи постојано се преплавени со вакви слики и коментари .
 Strasno navistina treba nekoj da prevzemi merki, jas odev na rabota mi se nafrlija site…“ -пишува друга наша сограѓанка.

 

А, како потврда на тоа е и полицискиот билтен, кој речиси, секојдневно , е со инфомрации за пријава на граѓанин од каснување од куче-скитник.  Само пред осум дена, во полицискиот билтен (10 .05 2023) стоеше “Во ОВР Прилеп, М.А.(39) од Битола пријавил дека во населба Тризла во Прилеп бил каснат од куче скитник. Во изминативе 24 часа уште едно лице поднесе пријава до ОВР Прилеп. Д.Ц.(73) од с.Небрегово, прилепско, пријавила дека на ул.„Илинденска“ во Прилеп била касната од куче скитник.“ – стои во билтенот

Директорот на ЈКП Комуналец, Рубин Абрашоски,  во програмата #радиоштосегледа, на Радио Пела  рече дека овој проблем е генерален проблем на сите градови во Македонија: ( емисијата емитувана на  4ти мај 2023 година – на оваа тема, тој говори од 25:41 мин од емисијата, која можете да ја погледнете подолу на ЛИНКОТ)

Ние максимално сме излезени на терен. Работиме, со овој премитивен начин на заловување на кучиња.  Во 2021 година беа 99 заловени и третирани кучиња, стерилизирани, кастриран, ставен чип и вратени на местото на заловување, односно ја прменуваме популарната мерка „фати-залови-стерилизирај-пушти“ , а 2022 година, околу 110 кучиња беа на истиот начин третирани. Оваа година, заклучно со месец март, третирани се околу 30- тина кучиња, на ваков начин. Повторно би упатил молба  до  љубителите на кучиња, да ги регистрираат, стерлизираат своите миленци, за да е намали бројот на бездомни кучиња, и  да ги вакцинираат . А, дека бројкат на кучиња скитници е голема, е голем! Но, тоа што можеме, правиме ! Во моментов се подготува тендер за набавка на плеоматска пушка и ловилки, за посовремен начин на уловување на кучиња. Возилото за уловување е веќе добиено, но чекаме да биде префрлено во сопственот на ЈКП “Комуналец„ –  рече Абрашоски

Радио Пела: Дали тоа ќе го реши проблемот?

Абрашокси: Проблемот, нема да биде решен, но бројот на бездомни кучиња ќе биде значително намален!

Радио Пела: Потребно ли е законско решение за справување со кучињата скитници за граѓаните да бидат побезбедни?

Абрашокси: Во моментов нашите ингеренции се тие! Да го заловиме, тртираме и да го вратиме на местото каде што е заловено. Доколу кучето покажи знаци на агресија има дополнителен третман.

Абрашоски не одговри, или вешто го избегна прашање, колку пари  троши претпријатијето на име парична надокнада кон граѓаните које го тужеле јавното претпријатие поради каснување од кучиња скитници! Но, веројатно, претпријатието трпи матерјлна штета од ваквата појава! А, цехот го плајќаме, сите ние граѓаните на Прилеп !

Разговорт со дир. на ЈКП “Комуналец„ ,Рубин Абрашоски, можете во целост да го чуете ТУКА : https://youtu.be/ja_SqsNjC9k

 

Би можело да ве интересира

Божичен ручек за 500 деца

Пожар на трафостаница во Прилеп

Гордана Цветаноска

Ристески: Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе