11.1 C
Прилеп
среда, 16 октомври, 2024
Пела Радио

Минималната плата од март ќе го надмине прагот од 20 илјади денари

Минималната плата, од март годинава, ќе го надмине прагот од 20 илјади денари. Со претстојното усогласување со порастот на трошоците за живот и со порастот на просечната плата, што ќе се случи во март, се очекува зголемување за 12-13 насто, со што ќе се дојде до износ од околу 20.200 денари, или речиси 330 евра, наместо досегашните 18 илјадарки, пишува порталот pari.com.mk , додвајќи дека во ЕУ, во државата Луксенбург минамалната плата е колку девет македонски минимални плати.

Придвижувањето го обезбедува методологијата за пресметка на минимална плата, која почна да се применува минатата година. Сепак, во актуелните услови малку е веројатно дека растот од две илјади денари може да им парира на инфлаторните притисоци и на сиромаштијата. Едноставно, секојдневните трошоци, кога ќе се сумираат на месечно ниво, неколкукратно се поголеми од минималецот.

Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, во декември изнесувала 51.234 денари (830 евра), или во текот на 2022 забележала раст од 15.424 денари. Притоа, речиси 45 отсто од трошоците се за храна и пијалаци, следуваат режиските расходи, а најмалку пари остануваат за културни активности и за негување на здравјето. Или, се’ се врти околу проблемот – како да се преживее.

Преземено од:

https://pari.com.mk/minimalnite-plati-na-balkanot-i-vo/

Би можело да ве интересира

Награда од Стопанската комора за „Комфи Ангел„- за ефикасно прилагодување на производството во време на пандемија

Елизабета Филипоска

Донации од вработените на Комфи Ангел и компанијата и покрај пандемијата

Елизабета Филипоска

Функционерските плати го кренаа македонскиот просек, а скоро 60 проценти од работниците се далеку од просекот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе