10.3 C
Прилеп
среда, 30 октомври, 2024
Пела Радио

Здружение „Избрани од бога“ : Државата нема слух за лицата со посебни потреби!

Поведени од потребата за системски промени за достоинствен живот на лицата со попреченост и нивните семејства, група родители од Прилеп, Битола, Струга, Кичево, Дебар, и од други градови и села од југозападна Македонија,  се здружија и своите потреби од заедничко делување ги официјализираа во граѓанска организација. Велат дека власта нема слух за проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост, потребна им е помош за редица прашања од егзистенционална природа кои ги мачат.

– Постоиме за да помогаме и да ги оствариме нашите барања.Имаме многу барања поврзани со начинот на кој што функционира системот за лицата со посебни потреби. Власта досега не не’ послушала и токму тоа е причината за создавањето на ова здружение. Постоиме само 1 месец, а веќе сме над 65 членови од регионот на Пелагонија и пошироко. Нашето здружение ги опфаќа сите попречености: од аутизам, церебрална парализа, даунов синдром и за сите имаме посебни барања. Сакаме да помагаме секаде и не значи ако не е член на нашето здружение дека нема да добие помош, вели Горан Камчески, претседател на новоформираното здружение на лица со посебни потреби „Избрани од бога“.

Родителите велат дека добиваат донации од општествено одговорните компании, а од институциите речиси никој не се одзвал на нивните барања за помош.

– Се трудиме малку од малку да го олесниме, она што државата не може да ни го овозможи. Правевме и протести, пробувавме и да молиме, просто не можам тоа да го објаснам, таа тага и болка внатрешна што ја имаме сите родители и секој ден што се справуваме заедно со нашите деца. Ќе соработуваме и со другите здруженија, а преку оваа организација сакаме да им дадеме до знаење да не’ слушне и Владата, и сите тие хумани добронамерни луѓе малку од малку да ни одмалат од маките наши.

Се трудевме да обезбедиме дневни центри, асистенти, но оди многу тешко. Не бараме многу. Верувајте многу е тешка грижата за детето без помош на државата. Сакаме и нашите деца да се социјализираат со останатите и да бидат еднакви, да не ги покажуваат со прст, вели  Гоце Лефтероски, родител на дете со посебни потреби.

Здружението денеска одржа предновогодишна забава на која децата ги посети Дедо Мраз и им подели пакетчиња, додека на дружбата учествуваше и група со неколку изведби на модерен танц.

Би можело да ве интересира

Тутунарите бараат: МЗШВ да ја утврди цената за килограм тутун, по примерот на оризопроизводството !

Гордана Цветаноска

Новогодишен концерт на учениците од Музичкото училиште Прилеп

Пела Редакција

Тренчевска: Од септември ќе нема минимална пензија под 13.300 денари

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе