25.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп: 4 нови случаи позитивни на корона, едно лице почина

Во општина Прилеп денеска има 4 нови случаи на коронавирус, а на Инфективното одделение во болницата „Борка Талески“, почина 82 годишен маж, информираат од Центарот за јавно здравје – Прилеп.

Бројот на активни случаи изнесува 36, од кои 29 се наоаѓаат на домашно, а 7 на болничко лекување;

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус;

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека во текот на денешниот ден, испратен е извештај од направениот епидемиолошки увид во Гинеколошко-акушерското одделение при Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, после добивање на позитивни резултати на КОВИД-19 кај седум вработени во одделението.

За време на увидот направен е разговор со останатите вработени, со цел да се утврди кој од вработените имал контакт со позитивните случаи. После извршената анализа и проценка на ризикот на изложеност, вработените кои имале контакт од среден и висок ризик со потврдените случаи, ставени се во самоизолација во рок од 14 дена. На сите вработени им е укажано за правилна и постојана употреба на лична заштитна опрема, согласно упатствата од Министерството за здравство и интерните протоколи на болницата.

Направено е тестирање на останатите вработени во одделението и сите се негативни. Лицата што се во самоизолација остануваат дома до истекување на изречената мерка.

Во текот на денешниот ден екипа на Центарот за јавно здравје-Прилеп, ќе изврши дезинфекција на сите простории во Гинеколошко-акушерското одделение.

Би можело да ве интересира

В година ќе нема произведство на сончоглед ако Владата не помогне со интервентниот фонд

Пела Редакција

Втора среќа за Костадин во Мало Коњари, Кристијан го фати крстот во Големо Коњари

Победа непоразена од Брегалница во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе