18.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Караванот „Ние сме Европа“ вечер во Прилеп

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, која ја  предводник заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, вечер во Прилеп ќе се одржи отворена трибина „ЕУ за развој на македонското земјоделство“.

На трибината е најавено обраќање на вицепремиерот Маричиќ и на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а меѓу гостите се амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер и претставничката на организацијата Агро Лидер Марина Тошеска.

Кампањата се реализира во осум градови низ државата и тоа следно во Прилеп, Охрид, Штип, Тетово и Куманово и притоа се организираат трибини и средби со граѓани и дискусија на неколку теми: земјоделство, енергетика, туризам, економија, млади и инфраструктура. Активностите во секој од градовите вклучуваат и посета на локалитет од значење за конкретниот град.

-Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, итн., наведуваат од СЕП.

Трибината е најавена да се одржи на Камената бина со почеток во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Роденден кој долго ќе се памети–100 години Прилепска Пиварница!!!

Пела Редакција

110 години од смртта на Атанас Бадев

Гордана Цветаноска

Прилеп во 2020 со најголем буџет досета !

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе