16 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Роденден кој долго ќе се памети–100 години Прилепска Пиварница!!!

Прилеп синоќа славеше 1 век Прилепска Пиварница. Музика, забава и безброј желби за успеси на компанијата – симбол на градот, да продолжи и понатаму го прави горд Прилеп и Македонија.

 

Со беспрекорна организација компанијата се погрижи забавата да биде на највисоко ниво како во старите добри денови на Пиво Фест.

Дека и на 30 степени, пивото, музиката и доброто друштво се најдобра комбинација доказ беше роденденската славје кое започна од 20 часот со настапот на „ДНК’, а продолжи со „Тропико бенд“ и Марија Шерифовиќ.

Песна, дружба и пиво повеќе од 5 часови , а како шлаг на роденденската торта беше спектакуларниот огномет точно на полноќ во чест на роденденот!!!

Прилепска Пиварница – секоја чест за се’ што правите за Прилеп и за Македонија!

Честит јубилеј, среќен роденден, вие сте пример и „локомотива“ за помладите од вас!

Би можело да ве интересира

„Најсреќниот човек на светот“ вечерва во киното Мис Стон

Со изложба на рачно изработени маски започнува карневалот „Прочка 2019“

Елизабета Филипоска

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ!(16)

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе