16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Победа ја продолжува агонијата – поразена од Башкими со 0-1 на свој терен

Победа, ја продолжува агонијата, и беше поразена од Башкими со 0-1 на свој терен. Натпреварот од 17. рунда на Втората фудбалска лига, се одигра попладнево (14 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“, во присуство на најверните прилепски навивачи, но и тие си заминаа од градскио стадион разочарани од настапот на нивните миленици.

Во првото полувреме од натпреварот фудбалерите на Победа  успеаа да се одбрана од противничките напади, но во 56 мин, од изведен корнер на гостите, топката се најде во мрежата на домаќините, со што Победа повторно доживеа пораз пред своите гледачи  и останува на 13 тото место, во долниот дел од табелата со 16 бода.

До крајот на натпреварот,  со многу прекини, напорите на фудбелрите на Победа да нападнат останаа јалови, а времето работеше во интерес на Башкими, кои задоволно ги понесоа трите  бода од Прилеп и се зацрврси во горниот дел од табелата на Втората фудбалска лига, со 24 бода на седмото место, колку што имаа екипите на Скопје и Вардар .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) БАБУНСКИ: САКАМЕ ИГРА СО КОЈА ЌЕ СЕ ГОРДЕЕ ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА!

Осум медали на македонските џудо ветерани на Балканското првенство

Гордана Цветаноска

Петто реми на Победа на домашен терен

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе