9.3 C
Прилеп
петок, 18 октомври, 2024
Пела Радио

Поставен камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д

Поставен е камен-темелникот на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10 д, долг 39,3 километри. Со овој проект, како што беше речено, се прави голем исчекор во насока на што побрз, побезбеден и поекономичен транспорт на луѓе и стоки. Изградбата базира на врвна технологија и стандарди, која ќе поттикне нова динамика во економијата и ќе отвори нови можности за вработување.

На настанот по повод-поставувањето на камен-темелникот се обратија и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавно претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, в.д. амбасадорот на САД Ерик Мајер, амбасадорот на Турција Хасан Мехмет Секизќок, како и претседателот на „Бехтел и Енка“ за Европа, Африка и Блискиот Исток Џастин Сиберел.

Договорот со американско-турскиот конзорциум, стратешки партнер ангажиран со посебен закон и за проектирање и за изградба на автопатите, стапи во сила на 22 април. Преку Јавното претпријатие за државни патишта веќе се префрлени првите 117 милиони евра за подготвителните активности во пресрет на градежните работи, а со Програмата за финансирање на делниците на коридорите за годинава се предвидени вкупно 243 милиони евра. Вкупната вредност на проектот, според првичните најави од Владата, ќе изнесува 1,3 милијарди евра, како и дополнителни 300 милиони евра за експропријација.

Би можело да ве интересира

(ФОТО)Како изгледа изворната раса на македонско куче Шарпланинец?!

Елизабета Филипоска

Градскиот пазар се пресели кај катната гаража?!

Гордана Цветаноска

Проф. Арсов: Генетиката игра важна улога во раното детектирање на ретките болести

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе