16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Стоп за труењето-протест во сабота

В сабота, на 16 ти септември, прилепчани се организираат да го кренат гласот  против загадувањето на воздухот кое што последниов месец се случува од сеуште непозната локација за надлежните служби. Протестот е закажан за во 11 часот на улица “Александар Македонски” во близина на фабриката Младост, односно во близина на некогашната фабрика Еуроинвест 11 Октомври. Граѓаните се жалат на загадување на животната средина, на воздухот кое се чувствува во вечерните и ноќните часови. Велат дека се шири смрдеа и загадување  од некои хемиски супстанци кои горат. Оние што живеат во близина на локацијата каде ќе се одржи протестот им пречи на дишењето, се чувствува на грлото, не можат да отворат прозорци… Надлежните инспекциски општински служби засега немаат одговор – ОД КАДЕ ДОАЃА ТРУЕЊЕТО!

Би можело да ве интересира

Ајде сите деца на театар – единствен театарски фестивал за деца „Силјан Штркот„

Елизабета Филипоска

Ќе се реконструира полетиштето за параглајдерство на Мечкин Камен

Елизабета Филипоска

Комуналец апелира на стрпливост и коректност, во тек е пролетното миење на улиците

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе