8.7 C
Прилеп
петок, 8 ноември, 2024
Пела Радио

„Од рака на рака“ – шведска донација за прилепската болница

Прилепската болница „Борка Талески“ доби донација од бројни апарати, коишто ќе овозможат рана дијагностика на многу болести, а со тоа и подобра прогноза во лекување на пациентите. Донацијата вредна околу 300.000 евра доаѓа од Шведска, од невладината организација „Од рака на рака“, чиишто основачи се Марија и Томас Росенгрен.
„Мобилниот рендген апарат има дополнителен апарат кој врши дигитализација на снимката и можност на монитор да ја гледаме снимката. Следниот апарат е колоноскоп, наменет за преглед на дебело црево и ќе ни помогне во рано дијагностицирање на рак на дебелото црево. Во моментов располагаме само со гастроскоп, кој што го користиме за дијагностика на болести на желудникот.

Дел од донацијата се и два помали апарата. Едниот ќе го користиме во одделението за ортопедија. Но, добивме и аспиратор, којшто е неопходен во одделот за хирургија. Во донацијата има апарат за дијагностицирање на очни болести, апарат за одредување на CО2, операционо светло за во сала, 15 електрични болнички кревети, инвалидски колички, постелнина“, истакна д-р Богоески, директор на градската болница „Борка Талески“.
Марија и Томас само во Македонија, досега имаат реализирано повеќе од 12 донации во здравствени и образовни институции, во центрите за лица со посебни потреби, исто така им помогнале и на одделни социјално загрозени семејства.

Би можело да ве интересира

На календарот за вакцинација, од денеска две нови задолжителни вакцини

Елизабета Филипоска

Владата го одложи стартот на второто полугодие

Во Прилеп интензивно се чистат и дезинфицираат јавните површини

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе