ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Стојчевска: за 2024 година одделивме средства од буџетот за нов театар во Прилеп

196

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска при посетата на Крушево одговарајќи на новинарско прашање до каде е изградбата на нов театар во Прилеп посочи дека се чека на дозволата за градба на нов театар за кој се заговара од поодамна, одделени се средства во буџетот за 2024 година и по добивањето на дозволата за градба, ќе се изгради нов театар во Прилеп:

-Прилепскиот нов театар требаше оваа година да започне да се гради. Има идејно решение со кое во склопот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се надгради нов објект и театарот ќе биде според сите светски стандарди. Она што ме радува е дека финалното и идејно решение беше правено заедно со вработените од прилепскиот театар. Добивме одговор од Општината дека има активен процес кој треба да заврши. Се надевам дека тоа е завршено и општината дека го затвори тој процес. Веќе за 2024 година одделивме средства од буџетот и веќе ќе можеме конечно да почнеме со изградба, зашто Прилеп има богата театарска традиција и го има еден од најпознатите и најстари национални фестивали, МТФ „Војдан Чернодрински“. И затоа се надевам дека во 2024 година ќе може да започнеме со градбата на прекрасен објект, мултифункционален, каде ќе има простор за малогалериски дел и конечно, Прилеп да добие театар каков што заслужува. Се надевам дека Општината си ги заврши сите обврски и дека наскоро ќе ја добиеме дозволата за градба, изјави Костадиновска Стојчевска при посетата на Крушево.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе