16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) Зошто СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп е вистински избор за деветтооделенците?

Претстојните уписи во средните училишта кои започнуваат од 20 ти јуни беа тема денеска во програмата „Радио што се гледа“, а ни гостуваа професорите Емануела Николоска и Илчо Јорданоски, заедно со учениците Паце Крстеска, Софија Јанков и Елена Слабиѓоеска од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“- Прилеп

На располагање на деветтооделенците им се 5 профили за кои разговараме подетално за тоа: зошто идните средношколци да го изберат ова училиште? Но, и за тоа:  какви занимања се опфатени во понудата од профили, какви се условите за едукативна надградба, за практична настава и воннаставни активности, дали може по завршување на средното образование да се вработат и каде би продолжиле со високото образование, во кои високо образовни институции. 

 

Струките што ги нуди училиштето СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“- Прилеп, познато повеќе како економско училиште, се барани на пазарот на трудот:

Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг,

– Економски техничар/бизнис администратор,

– Економски техничар (ДУАЛНА паралелка) во соработка со компании и месечна стипендија од 3,500  ден за секој ученик;

– Правен техничар;

– Продавач – референт за продажни услуги / асистент деловен администратор со   стипендија од 3,500  ден, а учениците одат на практична настава во реални компании.

Би можело да ве интересира

Илинден во Крушево со богата културно уметничка програма

Гордана Цветаноска

Денеска, од 16 до 23 ч., тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат. Oд утре подигнувањето готовина од банки, по азбучен ред

Елизабета Филипоска

Во Прилеп денеска нема новозаболени од Ковид 19

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе