7.3 C
Прилеп
вторник, 3 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (58)

Пишува Зоран Момироски

  • ЈАСМИНА ШИШКОВСКА СТОЈКОВИЌ ОД ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНОВИ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОСНОВНИОТ СУД ВО ПРИЛЕП. ТАА Е БИТОЛЧАНКА ОД ПОЗНАТА БИТОЛСКА ФАМИЛИЈА ОД ФЕЛАТА. И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. АКО ПОСЕРИОЗНО СЕ ПРИСТАПИ КОН ОВА КАДРОВСКО РЕШЕНИЕ  ЌЕ СЕ ВИДИ ДЕКА ОВА Е ПРВО НАЗНАЧУВАЊЕ  НА ЖЕНА ЗА ПРВ  ЧОВЕК  НА СУДОТ. И ТОА  НИ ПОВЕЌЕ  НИ  ПОМАЛКУ  ОД  БИТОЛА. СТРАМОТ ЗА ПРИЛЕП СО БЛИЗУ 100 АДВОКАТИ, ВЕЛАТ ОНИЕ КОИ ЈА ЗНААТ ИНСТИТУЦИЈАТА Е  ТОЛКУ  ПОГОЛЕМ,  КОЛКУ И ФАКТОТ ШТО СЕГА ВО СУДОТ, СУДАТ ОСУМ СУДИИ. ОД НИВ САМО ТРОЈЦА СЕ ПРИЛЕПЧАНИ. ОСТАНАТИТЕ СЕ ОД РЕСЕН, БИТОЛА И СКОПЈЕ. КАТАСТРОФАТА ДА БИДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА Е ШТО ОД НИВ САМО ЕДЕН МОЖЕ  ДА СУДИ  КРИВИЧНИ ДЕЛА КОИ ПРЕДВИДУВААТ КАЗНА НАД 5 ГОДИНИ, ПА ЧЕСТО ПОВЕЌЕ ОД ПРЕДМЕТИТЕ  ЗАСТАРАУВААТ. АКО СЕ ОПСЕРВИРА РЕАЛНО СОСТОЈБАТА И КАДРОВСКАТА ЕКИПИРАНОСТ ПРЕКУ ОВОЈ  СУД, ТОГАШ, КАКО ОВАА НАША ДРЖАВА ЌЕ ЈА РЕАЛИЗИРА ПРОКЛАМИРАНА  НЕКОМПРОМИСНА БИТКА СО КРИМИНАЛОТ ?!  ЗА ОВА МОЛЧАТ И ОПОЗИЦИЈАТА И ВЛАДЕЧКАТА  КОАЛИЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД СДСМ. ТОЧНО Е ДЕКА ТИЕ НЕМААТ ПРАВО  ДА СЕ МЕШААТ  ВО  НОСЕЊЕТО  НА СУДСКИТЕ ОДЛУКИ, НИТУ ВО КАДРОВСКИТЕ РЕШЕНИЈА. НО, ОД ОРГАНИЗАЦИОНЕН  АСПЕКТ ИМААТ  ПРАВО ДА БАРААТ ОВОЈ СУД  ДА ГО ВРАТИ  СВОЕТО  РЕНОМЕ КОЕ СО ГОДИНИ ГО ГРАДЕЛЕ ИСКУСНИ  СУДИИ ОБВИНИТЕЛИ И АДВОКАТИ, СУДСКИ СОРАБОТНИЦИ  И СУДСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА. ЗА ОВИЕ ПРАШАЊА  ДО СЕГА НЕ СЕ НАЈДЕ НЕКОЈ ОД  МНОГУТЕ  СИЛНИ И ПРАВЕДНИ ,,ПЛУКАЧИ“ ОД ПРИЛЕПСКИОВ СДСМ ДА КАЖАТ БАРЕМ  ЗБОР ИЛИ ДВА. МОЛЧАТ, ОТИ СУДОТ СИ Е СУД. МОТИВ ПОВЕЌЕ ЗА ВАКВИТЕ СОСТОЈБИ И КВАЛИФИКАЦИИ Е И НЕОСПОРНИОТ ФАКТ ДЕКА ОВАА ИНСТИТУЦИЈА  ИМАШЕ 27 СУДИИ. ОСОБЕНО КОГА БЕШЕ ОБЈАВУВАНА  КРИЗА ОД НЕДОСТИГ НА СУДИИ. А КРИЗА БИЛА ОБЈАВУВАНА САМО ЗАРАДИ ТОА ШТО ВО НЕКОИ ГОДИНИ  БРОЈОТ СЕ НАМАЛУВАШЕ НА  23 СУДИИ ИЛИ НЕ СЕ ИСПОЛНУВАШЕ НОРМАТА ОД 20 ДО 25 ПРЕДМЕТИ РЕШЕНИ ВО РОК ОД 30 ДЕНА. БЕЗ РАЗЛИКА НА СИТЕ МААНИ И НА СИТЕ ЛИЧНИ НЕДОСТАТОЦИ ОВОЈ СУД,  ЗА МНОГУ ПОЧЕТНИЦИ ОД СУДСКО ОБВИНИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ ПРЕДИЗВИК БЕШЕ  ДА СЕ НАУЧИ ЗАНАЕТОТ.

 

  • НЕ Е ВЕСТ ДЕКА НА ПОСЛЕДНИОТ  ТРАДИЦИОНАЛНИОТ  СОБИР НА СДСМ ВО МАНАСТИРОТ „СВ. ДИМИТРИЈА“ БЛИЗУ  СЕЛЦЕ  МЕЃУ  СИМПАТИЗЕРИТЕ ПОДДРЖУВАЧИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА  БЕШЕ НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО  НА ЧЕЛО СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРТИЈАТА И АКТУЕЛЕН  ПРЕМИЕР ДИМИТАР КОВАЧЕСКИ. ВЕСТА КОЈА СЕ КРИЕ КАКО ШТО „ЗМИЈА  СИ ГИ КРИЕ НОЗЕТЕ“ Е  ШТО ТАМУ КОНЕЧНО ВИСОКИТЕ  ПАРТИСКИ РАКОВОДИТЕЛИ  ЗАБЕЛЕЖАЛЕ  ДЕКА ВО ОВОЈ НАШ ПРИЛЕПСКИ СДСМ, ЗА НЕКОИ СО ГОДИНИ САМО СОПСТВЕНО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО, НЕШТО НЕ ,,ШТИМА“!!! СЕГА ВО ЦЕНТРАЛАТА НАВОДНО СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ТОА КАКО ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ И ДА СТАВИ КАКОВ, ТАКОВ  РЕД, ПРЕД ИЗБОРИ. НО И НАЧИНОТ КАКО  ДА СЕ ЗАМЕНИ СЕГАШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО. УПАТЕНИ ОД  НАЈВИСОКИОТ ПАРТИСКИ  ЕШАЛОН ВЕЛАТ: АКО ДОЈДЕ ДО СМЕНА  ПРВАТА И НАЈДОБРА МОЖНОСТ  Е СО  ОПРАВДУВАЊЕ : ЦАКИО KAKO  ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ТУТУНСКИ КОМБИНАТ Е ПРЕЗАФАТЕН. ДЕМЕК  ЧОВЕКОТ ИМА ОДГОВОРНА РАБОТНА ОБВРСКА, А КОМБИНАТОТ Е ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА. ПА  ПОРАДИ ТОА  ШЕФ НА ОПШТИНСКИОТ ИЗБОРЕН ШТАБ ДА БИДЕ ПОСТАВЕН ДРУГ. ТОЈ ДРУГ  БИ ГО ПОНЕСОЛ ЦЕЛИОТ  ТОВАР И ПРЕДИЗВИК. ПОРАДИ ОВИЕ СОСТОЈБИ  ИМА И ТАБОР КОЈ Е ЗАСТАНАТ ВО ОДБРАНА НА ПАЧЕШКОСКИ И ПО ЦЕНАТА НА КРАЈНИОТ РЕЗУЛТАТ ВО ПРИЛЕП ОД ПРЕТСТОЈНИТЕ  ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. НО ПОСТОИ ЕДЕН ДРУГ ТАБОР, КОЈ, ИАКО Е СО ЦАКИО, НЕ СЕ СЛОЖУВА И НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД СЕГАШНАТА НЕГОВАТА ПАРТИСКА  РАБОТА. А ПОСТОИ  ЕДЕН ТРЕТ  ТАБОР, КОЈ Е ЕКСПЛИЦИТНО ПРОТИВ И САКА ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ВЕДНАШ ДА БИДЕ ЗАМЕНЕТ СО ДРУГ. ВО ОВИЕ КОМБИНАТОРИКИ  МНОГУ МАЛКУ СЕ ЗНАЕ КОИ ОД НЕЗАДОВОЛНИТЕ ОД СДСМ, КОИ ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА  СЕГА МОЛЧАТ, ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ ЌЕ СЕ ПРИДРУЖАТ КАЈ ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА МАКСИМ. ЕДЕН ДОБРО  УПАТЕН ВО ОВАА РАБОТА КОЈ ИНСИСТИРА НА АНОНИМНОСТ ОД ПОЗНАТИ ПРИЧИНИ, ВЕЛИ: ДЕКА ПРИЛЕПСКИОТ  ЧЕЛНИК НА ОВА ДВИЖЕЊЕ  ЕМИЛ ЈАНЕСКИ ВО КАФИЌ  УВЕРУВАЛ  ДЕКА  НАВОДНО ИМАЛ ВЕТУВАЊЕ ОД ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ –МУЦЕТО   ДЕКА ЗАД ОВИЕ ПРИЛЕПСКИ  ЧЛЕНОВИ И ПОДДРЖУВАЧИ ЌЕ ЗАСТАНЕ СО ЦЕЛИОТ  СВОЈ АВТОРИТЕТ И КРЕДИБИЛИТЕТ. КОЛКУ ВО СЕТО ОВА ИМА ВИСТИНА ЌЕ ПОТВРДИ ИЛИ ЌЕ ДЕМАНТИРА ВРЕМЕТО.

 

  • СО ОВАА ТЕЗА ДЕКА ВРЕМЕТО ЌЕ ПОТВРДИ  ВО НЕКОЛКУ ОД ОВИЕ  КОЛУМНА БЕЗ  ДА ОТКРИВАМ ДЕТАЛИ ГО ТРЕТИРАВ И ПРАШАЊЕТО  ЗА ПОВТОРНО ОБЈАВЕНИОТ  ТЕНДЕР НА ПРИЛЕПСКИТЕ ЛОКАЛНИ ВЛАСТИ ЗА ИЗГРАДБА НА КРУЖЕН ТЕК НА РАСКРСНИЦАТА КАЈ ДЕВЕТТО КАТИНИЦАТА. ДА ПОТСЕТАМ ДЕКА НА ЗАВРШЕНА РАБОТА, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЕДНА ПРИЛЕПСКА  ГРАДЕЖНА ФИРМА БИЛЕ НА ,,ПОКЛОНЕНИЕ“ КАЈ ШЕФОТ ВО БЕЛИОТ ДВОРЕЦ  ВО СКОПЈЕ. НА СРЕДБАТА ТИЕ ПОБАРАЛЕ ТЕНДЕРОТ ДА БИДЕ ПОНИШТЕН, А ПОТОА ДА БИДЕ ОБЈАВЕН  НОВ И НА НЕГО ПОД ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА  5.000.000 ДЕНАРИ ДА ГО ,,ЛАПНАТ“ ТИЕ. И  ЗА ЧУДО ТАКА БИ!!! СЕГА Е ВО ТЕК  НОВА ТЕНДЕРСКА ПОСТАПКА. НА СВОЈОТ ФБ ПРОФИЛ ЕДЕН НАШ ПОРАНЕШЕН ФУНКЦИОНЕР ВО ВМРО-ДПМНЕ,  ИНАКУ ЕПТЕН  УПАТЕН ВО СОСТОЈБИТЕ, СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НАПИША: АЈДЕ НЕКА СЕ УГОДИ И АИРЛИЈА ДА ВРТИМЕ НА КРУЖНИОТ. СЕГА СЕ ЗНАЕ ЗА КОГО ,,БИЛА ПЕЧЕНА РАБОТАТА“. ТОА  Е КОМПАНИЈАТА ,,ИЗОФАС“ КОЈА ЗА 4.583.859 ДЕНАРИ ЌЕ ГО ЗАОКРУЖИ КРУЖНИОТ!!! ФИРМАТА Е ИГРАЧ НА МУЦЕТО, ПА БОКИО КАКО ЛИГИТИМЕН ОРТАК НА НЕГОВИОТ  МЕНТОР НЕ СМЕЕШЕ ДА ЗГРЕШИ ЗА ОВАА РАБОТА, ПА ЈА НАРЕДИЈА „НА ВТОРА МАЈКА“ ДА СЕ УГОДИ РАБОТОТА ЗА ИЗОФАС. ВО ВРЕМЕ НА МУЦЕТО ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП СЕ ИСПЛАТЕНИ 1.760.000 ЕВРА, А БОКИО НА ОВАА КОМПАНИЈА И И’ ИСПЛАТИЛ БЕЗМАЛКУ 300.000 ЕВРА. ЗНАЧИ ОРТАЦИТЕ ОРТОПЕДИ НА КОМПАНИЈАТА  И  ИСПЛАТИЛЕ НАД 2.000.000 ЕВРА, СО ТЕНДЕНЦИЈА СЕГАШНИОТ ДА ГО СТИГНЕ ПРЕТХОДНИОТ!!!

 

  • МИЛЕ ТАЛЕВСКИ ПРАТЕНИК ОД СДСМ  ПРЕКУ ИЗЈАВА  МУ ,,ПИСНА“ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. „ДВЕ ГОДИНИ ЛОКАЛНА ВЛАСТ, ДПМНЕ И ЈОВЧЕСКИ ГИ ИЗНЕВЕРИЈА ПРИЛЕПЧАНИ. ЗАКЛУЧОКОТ Е ПОРАЗИТЕЛЕН НЕМА ПРОЕКТИ НЕМА РЕЗУЛТАТИ. БЕЗБРОЈ НЕ РЕАЛИЗИРАНИ ИЗБОРНИ  ВЕТУВАЊА ПРЕД ГРАЃАНИТЕ.“  ОТКАКО МИКИО ГИ НАБРОИ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ЦЕНИТЕ НА ИМОТ НА КОМУНАЛНИ  УСЛУГИ ЗА ПАРКИРАЊЕ ЗА ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА И ЗА СЕ’ ОНА ШТО Е ВЕЌЕ И КАЖАНО И ПОЗНАТО  И ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ, АМИ И ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, БЕЗМАЛКУ ИСТОТО ШТО ГО КАЖА И ЦАКИО НА ДВЕГОДИШНИНАТА ОД СТАПУВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА ГРАДОНАЧАЛНИК, АМА МНОГУ ПОМАЛКУ  ОД ОНА ШТО Е ТРЕТИРАНО ВО ОВИЕ КОЛУМНИ, А ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ. БИ РЕКОЛ: НИШТО НОВО И НИШТО БОМБАСТИЧНО. НА ОВА, ЕКСПРЕСНО ВО СВОЈ ПРЕПОЗНАТЛИВ ПАРТИСКИ СТИЛ НА МИКИО ОВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ, ПА МУ ПОРАЧАА: АКО БЕШЕ ВИСТИНСКИ ЗАГРИЖЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ ИСТИОТ ЌЕ СЕ ОСМЕЛЕШЕ ДА ПРОГОВОРИ ЗА ВИСОКАТА ИНФЛАЦИЈА, ЗА ПРЕСКАПИТЕ ЦЕНИ НА ОСНОВНИТЕ НАМИРНИЦИ, ЗА КРИМИНАЛОТ ВО ЗДРАВСТВОТО.ЗА УТКАТА  НА УЛИЦАТА ЛЕЦЕ КОЦЕСКА. ПА ДО НЕГОВАТА ЗГОЛЕМЕНА ПЛАТА ЗА 78 ПОСТО. А, НАШ БОРЧЕ  ЗАПОЧНА СО  УРЕДУВАЊЕ НА ИНФРАСТРУКУРАТА КОЈА СДСМ ЈА ЗАБОРАВИЛА 4 ГОДИНИ, ПА ЗА  ИНВЕСТИИЦИ ОД 50 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВО РЕНОВИРАЊЕ  И УРЕДУВАЊЕ НА СРЕДНИ И ОСНОВНИ УЧИЛИШТА. ГИ СЛУШАМ И МИЛЕ ТАЛЕВСКИ И ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА УЖ БИЛЈАНА КУЗМАНОСКА И СИ ВЕЛАМ: ИМАТЕ  ДОБЛЕСТ ДА ГИ ПРАШАТЕ ГРАЃАНИТЕ ШТО МИСЛАТ?! ЗНАМ ДЕКА ВАШИТЕ  ОДГОВОРИ ЌЕ БИДАТ „ГРАЃАНИТЕ НА ОВА ПРАШАЊЕ ЌЕ ОДГОВОРАТ НА ИЗБОРИ“,  АМАН  БРЕ  ЛУЃЕ КОИ ИЗБОРИ ЌЕ ЈА РЕШАТ  ИНДИВИДУАЛНАТА КАРАКТЕРИСТИКА И НЕСПОСОБНОСТ НА ОНИЕ КОИ МУ ДАВАТЕ  И  ВЕРБА И ДОВЕРБА ЗА ФУНКЦИЈА?! НА ТИЕ ВАШИ КАДРОВСКИ СОСТАНОЦИ ИЗБОРОТ, А СО ТОА И ПОНУДАТА ПРЕД ГЛАСАЧИТЕ , ПО КОИ КРИТЕРИУМИ ГО ПРАВИТЕ?! ОСТАВЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ПАРТИСКИ  РЕТОРИКИ И ПОГЛЕДНЕТЕ РЕАЛНО НА СОСТОЈБИТЕ. ОД ГРАД КОЈ НЕКОГАШ ИМАШЕ  74.000 ЖИТЕЛИ, А  НЕ МНОГУ ОДАМНА СО ОКОЛУ 68.000, СЕГА КОЛКУ ОСТАНАВМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ?! И, ОД ШТО ИЗБЕГА НАРОДОВ?! НАПРАВЕТЕ СПОРЕДБА КАДЕ БЕШЕ ПРИЛЕП ПРЕД 10 ГОДИНИ, КАДЕ Е СЕГА. И ДО КОГА ЌЕ СЕ ГЛЕДААТ ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ, А ПАРТИИТЕ ЌЕ ВИ СЛУЖАТ КАКО ФИРМИ КОИ ГИ ИСПОЛНУВААТ ПОЕДИНЕЧНИТЕ ЖЕЛБИ И ПОТРЕБИ.

 

  • КОГА ВЕЌЕ СУМ КАЈ ПОЕДИНАЧНИТЕ ЖЕЛБИ И ПОТРЕБИ, ЕВЕ ЈАВНО ДА ГО ПРАШАМ, МИЛЕ ТАЛЕВСКИ КОЈ ПОСАКУВА  УШТЕ ЕДЕН ПРАТЕНИЧКИ  МАНДАТ: КАКО Е МОЖНО БЕЗ ДА СЕ КОНСУЛТИРА БАЗАТА, ДА ОДЛУЧУВА ГРАДСКАТА ПАРТИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ПОЕДИНЦИ ДИРЕКНО ПРЕКУ ЛУЃЕ ВО ЦЕНТРАЛАТА ДА СИ МЕСТАТ СОПРУГИ, ПРИЈАТЕЛКИ, ПА И ЛИЧНО ТИЕ ДА СИ НАЈДУВААТ  МЕСТА ВО УПРАВНИ ОДБОРИ?! ПРИТОА БЕЗ ПРОБЛЕМ  ОД СТРАНА НА ВЛАДАТА ДА БИДАТ НАЗНАЧУВАНИ. ТОЧНО, ВО РАЗНО РАЗНИ УПРАВНИТЕ ОДБОРИ ВО СКОПЈЕ ПАРТИЈАТА ЈА НАПРАВИВТЕ ЛИЧНА СОПСТВЕНОСТ НА ПОЕДИНЦИ, КАКО ОД МАМА И ТАТО НАСЛЕДЕНИ И ТОА СО ДЕЦЕНИИ ГО ПРАВИТЕ. НЕЛИ Е СТРАМОТА??? И ШТО Е ПОСТРАШНО  СИ ПРОДОЛЖУВАТЕ  СО ОВИЕ ВАШИ ЛИЧНИ МИЛЕЧИЊА. НЕКОИ ДУРИ И ПОСТАРИ  ОД 30 ГОДИНИ ВО ВАШИОВ ПАРТИСКИ ПОМЛАДОК. ПРИ ТОА, БЕЗ  ОКО ДА ВИ ТРЕПНЕ СИ ТЕРАТЕ И СИ КРЦКАТЕ. НЕЛИ БРАНКО „ШЕФОТ  НАШ“ НА 28 ГОДИНИ СТАНА ПРЕМИЕР  НА ДРЖАВАВА.

 

  • ПРИ ОВА, САКАМ  ДА ГИ ПРАШАМ И ОВИЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ: ДАЛИ  МИЦКОСКИ НА СИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ИМ ДАДЕ ЗАДАЧА ДА ПОДГОТВАТ ПРОЕКТИ И ДА ГИ ДОСТАВАТ, БИДЕЈЌИ НЕГОВОТА ПРЕТПОСТАВКА И ЗАЛОЖБА Е ДА ФОРМИРА НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО И ВЛАДА. А, ТИЕ ПРОЕКТИ ВЕДНАШ ДА БИДАТ ИМПЛЕМЕНТИРАНИ СО ПОМОШ НА ДРЖАВАТА?! АЈДЕ КАЖЕТЕ КОЛКУ  СЕГАШНАВА ПРИЛЕПСКА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ИМА ПОДГОТВЕНО ВАКВИ СЕРИОЗНИ ПРОЕКТИ ЗА ГРАДОВ И ГИ ИМА ДОСТАВЕНО ДО ЦЕНТРАЛАТА ВО СКОПЈЕ?! АЈДЕ, НА ОВОЈ  НАРОД КАЖЕТЕ МУ КОЛКУ ПРОЕКТИ ИМА ЛОКАЛНАВА ВЛАСТ ДОСТАВЕНО  И СЕГА ДО АКТУЕЛНАТА ВЛАДА? КОИ ОД ОВИЕ ПРОЕКТИ СЕ ЗАКОЧЕНИ ПОРАДИ ПАРТИСКАТА ОПРЕДЕЛБА? КАКО Е МОЖНО ОВАА ВЛАДА ДА ОДОБРУВА, ДА ПРИФАЌА И ДА РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТИ ВО КАВАДАРЦИ, А ДЕМЕК ЕПТЕН Е ПРОТИВ ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ ВО ПРИЛЕП? НЕ БАРЕМ ВО КАВАДАРЦИ КОЈ ГО ЗЕМАВ  ЗА ПРИМЕР И ГРАДОТ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ  Е ОД ЕДНО ВМРО-ДПМНЕ !?! А ОВАА НАША ЛОКАЛНА ВЛАСТ  Е ОД НЕКОЕ  ДРУГО ВМРО-ДПМНЕ!?!

 

  • ДА ЗАВРШАМ НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 3 НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА КОНЕЧНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ГРАДОТ. КАКО ОД ГЕРМАНСКИОТ, ТАКА И ОД  БУГАРСКИОТ ФАШИСТИЧКИ ОКУПАТОР. ПРИЛЕП ОПСТОИЛ И ВО ТИЕ ВРЕМИЊА, А ЌЕ  ОПСТОИ И СЕГА. ОСОБЕНО СЕГА, ВО ОВИЕ ТЕШКИ И ТУРБУЛЕНТНИ ВРЕМИЊА. ИСТО КАКО И ПРЕДИЗВИКОТ НАШ И НА НАШАВА ДРЖАВА. НА ДОБИТНИЦИТЕ НА ТРЕТО НОЕМВРИСКИТЕ ИМ ЧЕСТИТАМ, А НА КОМИСИЈАТА И’ ПРЕПОРАЧУВАМ ДА ОБРНЕ МАЛКУ ПОГОЛЕМО ВНИМАНИЕ ПРИ ИЗБОРОТ ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНАТ НЕПОТРЕБНИТЕ РЕАКЦИИ ВО ЈАВНОСТА. ДА НЕ СЕ ПРАВАТ ТЕСНО ПАРТИСКИ ЦИРКУЗИ, БИДЕЈЌИ НАВИСТИНА ИМА ЛУЃЕ И СПОСОБНИ И ШТО ЗАСЛУЖИЛЕ ТАКВА НАГРАДА И ВО ЕДНАТА ПАРТИЈА И ВО ДРУГАТА И ВО ТРЕТАТА ПАРТИЈА, А И МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ.

Би можело да ве интересира

Кои улици понеделник 25 ти септември ќе немаат ел.енергија?!

Пела Редакција

Прилепско сеуште активни пожарите кај селата Пештани, Кокре и Кален – долненско изгаснати вчера

Пела Редакција

Поправал трактор и тешко се повредил

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе