19.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Полицаец од Прилеп одавал службени тајни на адвокат на осумничените

ПРИЛЕП- Полицискиот службеник доби кривична пријава за оддавање службена тајна

Полицаец од Прилеп  доби кривична пријава бидејќи пренесувал службени информации на адвокат на осомничени во кривични постапки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицаецот Б.Т., вработен во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп е осомничен дека во мај годинава при извршување службени задачи и преземање полициски овластувања во врска со пријавено кривично дело се стекнал со податоци кои претставуваат службена тајна во предистражна постапка.

Неколку дена подоцна при приватна комуникација преку мобилна апликација, добиените податоци ги споделил на бранител на осомничен во постапката, а се однесувале на дадени искази на лица лишени од слобода на кои им била определена мерка притвор, како и податоци во врска со издадени наредби за приведување на лице.

Поради овие активности, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава за кривично дело оддавање службена тајна.

Би можело да ве интересира

Џудо тренерот осуден на 20 години затворска казна за обљуба на малолетни девојчиња

Осумничени 32 лица за злоупотреба на 700.000 евра во прилепската болница

Ни трага ни глас од дедо Блаже Аљакоски, семејството апелира за помош!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе