30.5 C
Прилеп
петок, 26 јуни, 2026
Пела Радио

Нови контејнери за почиста и поздрава животна средина во Општина Прилеп

ЈКП,, Комуналец” започна со заменување на старите и дотраени садови за отпад со нови контејнери за мешан комунален отпад и контејнери за селекција на отпад. Од проектот за Регионално управување со цврст отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање општината доби 126 контејнери за одлагање на отпад по принципот на сува и влажна фракција. Целта е поефикасна реализација на  воспоставениот современ и ефикасен систем за управување со отпадот имплементиран во Општина Прилеп, за подобрување на јавната хигиена, заштита на животната средина и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани.
Но за системот да продолжи да функционира успешно, неопходна е активната поддршка и  одговорност на секој граѓанин:
Како правилно да се користат контејнерите?
Во  зелените контејнери за мешан комунален отпад се одлага отпад кој не може да се рециклира. Во контејнерите за селекција се одлага само отпадот за кој се наменети – пластика, лименка, најлон, хартија, картон, и друга амбалажа, согласно ознаките поставени на контејнерите. Секоја амбалажа го има унифицираниот знак за рециклирање кој треба да се следи.
Отпадот треба да биде одложен во внатрешноста на контејнерот, а не покрај него.
Не треба да се остава градежен, кабаст или друг отпад што не е предвиден за овие садови, и кои веднаш се оштетуваат по одлагањето на недозволен отпад.
Со притискање и преклопување на картонските кутии и пластичната амбалажа се овозможува поголем капацитет и поефикасно собирање на отпадот, ова најмногу треба да го практикуваат бизнисите кои исфрлаат големи количини на картонски отпад, но и граѓаните во домашната канта за селекција.
„Со правилна селекција секој од нас придонесува за: зголемување на рециклирањето; намалување на количината отпад што завршува на депониите; почиста и поздрава животна средина; поефикасно идно регионално депонирање на отпадот и спречување во безмилосното искористување на природните ресурси“, посочуваат од ЈКП Комуналец од каде апелираат на совесно и правилно користење на новите контејнери со што секој ќе даде придонес за почист, еколошки град.

Би можело да ве интересира

Крушево бара да се сертифицира како здравствено безбедна туристичка дестинација од Ковид

(Видео) Се’ заврши во пепел на вториот кат од опожарената фабрика „Тила„,

Орден за заслуги за професорката Наде Проева

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе