Прилеп е град со богата историја, значајно културно наследство и развиена економија, што претставува силна основа и потенцијал за привлекување на нови туристи и инвестиции во иднина. Нашата соработка со Народна Република Кина има долга традиција. Во 2013 година, во градот Де Јанг, во провинцијата Сичуан, беше потпишан Меморандум за воспоставување пријателска соработка помеѓу Општина Прилеп и Општина Де Јанг, со што беа поставени темелите за континуирани пријателски и институционални врски. Особено значајна е и нашата соработка во областа на образованието. Дел од прилепските основци, средношколци и наставници, кои имаат афинитет за изучување јазици, имаат можност факултативно да го изучуваат кинескиот јазик токму тука, во Прилеп, како и кинеската култура и обичаи. Ова е резултат на воспоставената соработка помеѓу Општина Прилеп, Амбасадата на Народна Република Кина и Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Нашата Локална самоуправа и понатаму ќе продолжи да работи на јакнење на меѓународната соработка и отворање нови можности за развој на нашата општина.
Амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија Џијанг Сјаојан денеска оствари средба и со Зоран Малкоски, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп и Марина Тошеска, претседателка на Здружение центар за развој и едукација Прилеп на која биле споделени иницијативи и сервиси од социјалната сфера, биле детектирани предизвиците, како и можностире за соработка со заедничка цел – придонес за градење на заедница на социјална правда инклузивност и праведност.

