16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Зошто е хакирана Фејсбук страната на Радио Пела-втор напад за 14 месеци

Официјалната Фејбук страна на Радио Пела  https://facebook.com/RadioPelaMacedonia од вчера 2.07.2024 не постои, исчезна од социјалната мрежа како резултат на хакерски напад. Сајбер криминалот се случи преку личните фејсбук профили на новинарите од Радио Пела – креатори на страната. Со цел поголема достапност на информациите, објавите и мултимедијалните содржини редакцијата на Радио Пела беше принудена да креира нова Фејсбук страна на следниот линк https://www.facebook.com/profile.php?id=61562123750617 на која во иднина ќе бидат споделувани информациите објавени на порталот, видеа креирани на Јутјуб каналот од медиумот RadioPela Macedonia

Во врска со овој напад известени се Министерството за внатрешни работи – одделение за сајбер криминал, Агенцијата за заштита на лични податоци и Полициската станица Прилеп. 

Ова е втор пат како последица на хакерски напад да биде уништена официјалната страна на медиумот. Минатата година на 31.03.2023 та беше хакирана фејсбук страната од Радио Пела  https://www.facebook.com/search/top?q=radio%20pela%2096%2C8%20fm   формирана од 2017 та година.

Радио Пела ќе продолжи со својата мисија за професионално информирање, креирање на мултимедијални содржини, разговори во живо и споделување на објавите на социјалните мрежи со цел навремено информирање на јавноста.

Хакерските напади кон медиумите се само еден од начините да се разниша, омаловажи и уништи интегритетот на новинарите – да се ограничи слободата на говор, мислење и став. Како резултат на професионалноста и искуството, тимот на Радио Пела нема да се предаде во настојувањата медиумот да се развива според стандардите за современото новинарство на транспарентност, јавност на своите содржини и постајан контакт со публиката – јавноста  на социјалните платформи како што е Фејсбук, Јутјуб, Инстаграм и др.

Почитувани, Ви благодариме за довербата, со надеж дека продолжуваме да градиме взаемна почит и разбирање во интерес на вистината!

 

 

 

Би можело да ве интересира

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Пела Редакција

Пиво – Фест 2022 брои ситно…

Нов асфалт на патот до манастирот „Св. Архангел Михаел„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе