16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Момците „газат се’ пред себе“- Трета победа на футсал екипата на Радио Пела -Прилеп

Во третиот натпреварувачки ден за екипата на Радио Пела – Прилеп, која учествува на меморијалниот футсал турнир  „Љубомир Рајчевски Рајче“, во скопско Глуво, во еден неизвесен натпревар до последниот момент, бодовите заминаа кај екипата на  Радио Пела: РАДИО ПЕЛА – ГО-ДАМ ИНГ  –  4:3.

Стрелци на головите:  Тео Димитриовски два гола , Илчо Мојсоски и Дарко Путески со по еден постигнат гол.

Натпреварот беше до крајот неизвесен. Првото полувреме не беше поволно за екипата на Радио Пела, па резултатската предност беше на страната на ГО-ДАМ ИНГ (2:3) . Неизвесноста настана во второто полувреме, кога со добра игра и поконкретни во напаѓањето на голот на противникот, организираност во нападот и одбраната, настана резултатски пресврт,  за на крајот од натпреварот, екипата на Радио Пела да извојува победа, и со 7 бода ( со две победи и едена нерешена) да е веќе меѓу фаворит за учество  на полуфиналните средби на турнирот.

Сабота е слободен ден за фудбалерите, а следниот натпревар на екипата на Радио Пела е во вторник, против екипата на Буларт. Почетокот на натпреварот е во 23 часот.

Би можело да ве интересира

ЖФК Деспина ги започна подготовките со претензии да станат шампиони

Елизабета Филипоска

Одлични резултати на крушевските спортисти

Охрид и Еурофарм Пелистер 2 финалисти на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе