16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Повторно се чистат дивите депонии кај Дабнички завој

Колскиот дабнички пат затрупан во отпад, локацијата „интересна“ за фрлање ѓубре. Од денеска екипите на Комуналец чистат неколку диви депонии по патот за Дабница и во близина на спомен обележјето во Дабнички завој. Освен постојните диви депонии на оваа локација неконтролирано каде се исфрла отпад на повеќе места. Иако овој потег од последните куќи во населбата Тризла до спомен обележјето се чистат по два пати во годината, состојбата е повеќе од алармантна и загрижува.

„Што и да се напише, што и да се објави, какви и молби и апели да се упатат состојбата со дивите депонии е децениски нерешен проблем. На комуналните работници останува да исчистат се’ што граѓаните ќе извалкаат, без оглед на количините на отпад и потрошените пари кои наместо да се искористат за подигање на парковски површини и детски игралишта, се користат за чистење на отпад. Во секоја нормална држава каде владее законот и правото, каде има изградено свест и совест кон општите добра и животната средина, отпадот се селектира и чува во домаќинствата, а комуналните работници го собираат од домаќинствата. Или, зависно од моделот на управувањето и постапувањето со отпад самоницијативно се транспортира и депонира до местата предвидени за одлагање,“ додаваат во известувањето од ЈКП Комуналец Прилеп.

Би можело да ве интересира

Средба на претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ

Гордана Цветаноска

Дизелот повторно поскапува

Исчезна Александар Јошески, семејството бара помош

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе