16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Прекини на водоснабдувањето во Прилеп и во повеќе крушевски населени места

Регионалниот Центар за управување со кризи по добиена информација од ЈКП Водовод и канализација Прилеп известува дека денеска понеделник, 24 јуни, прекин во водоснабдувањето поради дефект имаат следните улици и населени места во општина Прилеп од 7 до 14 часот: ул. „Круме Волнароски“, ул. „Ердован Шабаноски и ул.„Гога Димитриоски“, како и населените места Оревоец и Ерековци.
Општина Крушево известува дека прекин на водоснабдувањето ќе има во населените места кои се снабдуваат со вода од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица поради дефект на територија на општина Прилеп. 

 

Населените места Пресил, Св. Митрани, Врбоец, Норово, Алданци, Саждево, Јакреново, Борино и Белушино ќе имаат прекин на вода поради дефект на територија каде што Студенчица обезбедува вода. Дефектот се наоѓа во Прилеп, но водоснабдувањето за крушевските села ќе биде целосно запрено, односно за целосната територија која ја покрива водоснабдителниот систем. Утрово добивме известување од Студенчица дека ќе работат на дефект во општина Прилеп и водата ќе биде во прекин се до надминување на проблемот “, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Би можело да ве интересира

Боево гаѓање Леково

Гордана Цветаноска

Учениците од ООУ „Добре Јованоски“ ја добија донацијата од Витаминка и продукцијата Преспав

Гордана Цветаноска

Две децении од крвавиот настан кај Карпалак – Пендаровски, Мицкоски… во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе