20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Учениците од ООУ „Добре Јованоски“ ја добија донацијата од Витаминка и продукцијата Преспав

Донацијата од 50 таблет компјутери кои на Општина Прилеп и’ ги донираше прехранбената индустрија „Витаминка“ и продукцијата „Преспав“, стигнаа во рацете на ученици од ООУ „Добре Јованоски“. Компјутерите се наменети за ученици од социјално ранливите семејства, за да можат непречено да ја следат онлајн наставата.

„ Овие таблет компјутери пристигнуваат во вистински раце, кај учениците на кои во овој момент им се најпотребни и сигурен сум дека ќе ги искористат на вистински начин“, посочи градоначалникот Јованоски најавувајќи дека ќе има и други донации за останатите семејства со социјален ризик.

ООУ„Добре Јованоски“ има најголем број на ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, што беше причина за денешната донација.

„Со цел да ги запазиме мерките за заштита од коронавирусот, во наредните 2-3 дена ќе бидат поделени сите 50 таблет компјутери“, истакна Сузана Дарковска, директор на ООУ „Добре Јованоски“, која на Општина Прилеп, градоначалникот Јованоски и „Витаминка“ им се заблагодари за донацијата, која на учениците од ова училиште ќе им овозможи непречено следење на онлајн наставата.

Би можело да ве интересира

(фото)Интернационална изложба на расни кучиња „ЦАЦИБ 2018“,

Елизабета Филипоска

Локалитетот Крушевско езеро инфраструктурно ќе се доуредува

Гордана Цветаноска

Обиколницата „Фрушка Гора“ ќе биде целосно асфалтирана

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе