16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Прилепчани ќе бидат заменици министри

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, е предложен од Владата како нов заменик-министер за економија. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година беше градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија, за неговите опшествени активности.

Ане Лашкоска, ќе биде заменичка на министерот за животна средина и просторно планирање. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и има титула инженер по хемија. Таа во неколку мандати  беше пратеник во македонското Собрание.

На истата седница беа официјализирани и другите предлози за заменици-министри.

Би можело да ве интересира

Крушево добива модерна сала за кино, театар и посебна сала на Советот

Гордана Цветаноска

Сабота, 10 ти октомври, 20 новозаболени во општина Прилеп

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО) ВОДАТА ПОСКАПУВА ЗА 33 ОТСТО, УШТЕ СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ТРЕБА ДА ЈА ПОТВРДИ ОДЛУКАТА

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе