16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Јубилејни 100 години успех на Прилепска Пиварница

Еден од најголемите македонски брендови Прилепска Пиварница синоќа во Скопје, одбележа 100 години од своето постоење-еден век успешност во градење на квалитет и доверба на пазарот и во заедницата. На свеченоста присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, пратеници, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, соработници, партнери, претставници од бизнис заедница, медиумите и вработени од Прилепска Пиварница. Преку корпоративна видео презентација присутните се потсетија на почетоците и развојот на Прилепска Пиварница.

– Најубавото од сè е што приказната сè уште трае и некои други генерации ќе продолжат да ја раскажуваат и по нас. Возбудата вечерва со самото тоа е уште поголема кога денес, вака собрани, сме современици на еден настан за кој работеле и живееле толку многу генерации, а ние ја имаме честа да сме современици на овој јубилеј! И на следниот од наредни 100 години ќе бидат сосема некои други лица, кои сега не се ни родени! –  рече Сашко Самарџиоски, генерален менаџер на Прилепска Пиварница.

Патувањето низ времето продолжува со визија за иднината, но и со оддавање почит кон визионерските основачи, посочи Панде Самарџиоска, заменик генерален директор.

– Денес им оддаваме почит и на визионерските основачи, кои ги поставија темелите на нашата пиварница пред еден век (нивни потомци се присутни овде, во салава). Нивната непоколеблива визија и страст го обликуваа нашето патување и наследство. Тие продолжуваат да нè инспирираат додека го носиме нивното наследство напред во иднината, рече меѓу другото Самарџиоска.

Вечер за паметење, бидејќи беше исклучителна можност да се биде дел од историја за компанијата која од своите почетоци, па се’ до денес дала печат и пример следејќи ги модерните стопански трендови за раст и развој. Во забавниот дел од настанот на сцената настапија познатите ѕвезди Калиопи и Тони Цетински, а секако и неизоставниот Сашко Коцев, како заштитен лик од видео рекламите на Прилепска Пиварница со свој стенд-ап настап.

 

Би можело да ве интересира

(фото) Се проширува локалниот пат Тополчани – Канатларци

Елизабета Филипоска

Николовски: постигнат е договор за зголемување на цената со сите откупни компании

Гордана Цветаноска

УХМР ПРЕДУПРЕДУВА – МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДОТЕЦИТЕ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе