3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Премиера на хуманитарната „Викенд на мртовци“ на Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“

Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ УТРЕ на сцената  на  големата сала во домот за култура „Марко Цепенков“јаприкажува премиерата на претставата „Викенд на мртовци“ во режија на Саша Нацевски, работена по текст на Миле Попоски.

Создадовме една нова претстава, независна од истоимениот филм на Коле Ангелески за публиката да ја гледа низ свои очи, рече режисерот Саша Нацевски.

-Сигурен сум дека нема прилепчанец кој не ја знае, што за нас беше голем предизвик но и голем терет, а тоа е: да се обидеме колку што можеме повеќе да избегаме од оној филм во режија на познатиот Коле Ангеловски. Има многу различни работи кои што ги има во драмскиот текст кој што ние го зедовме како предлошка и во однос на филмот и тоа ни беше најголемиот предизвик. Мислам дека успеавме да создадеме една своја претстава, која што публиката ќе ја гледа со свои очи, а не низ призмата на филмот, истакна Нацевски на денешната прес конференција
Култната „ВИКЕНД НА МРТОВЦИ“ од големиот Миле Попоски на Театар „Чин 4 Сцена 5“, воедно е со хуманитарен карактер. Сите средства собрани од продажбата на влезните билети ќе бидат насочени на три места:
1. Набавка и инсталација на лифт за хендикепирани лица во НУЦК „Марко Цепенков“, за пристап во големата сала;
2. Промена на дограмата на дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“;
3. Набавка на четири компјутери за посебните паралелки при ООУ „Климент Охридски“;
Вкупно 17 актери учествуваат во претставата, членови на I, II, III група при училиштето за театар, а водечките ликови ги играат ветераните – некогашните членови на театар „Чин 4 Сцена 5“. Картите се по цена од 100 денари. Претставата е поддржана од Општина Прилеп, Стопанска комора на Македонија, и НУЦК Марко Цепенков.
Училиштето за театар “Чин 4 Сцена 5” постои веќе 12 години досега има реализирано 70 претстави.

Би можело да ве интересира

Прилеп конечно доби проект за нов театар

Концерт на женскиот хор „Керамија“

Пела Редакција

Последната седмица од јуни, во знакот на Меѓународниот фестивал „Пеце Атанасовски“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе