7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Еко акција по повод Денот на пролетта- прилепските палми ќе бидат заменети со зимзелени дрва

Денеска,  во 22.oo часот и 58 мин.календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски започнува есента.

 

По повод денот на пролетта и  денот на екологијата, ЈКП Комуналец – Прилеп започна со акција за уредување на дрворедите, со пролеттно кастрење на дрвата, а утре и официјално Прилеп и официјално ќе го одбележи Денот на пролетта

„Утре акцијата, насловен „Еко акција“ започнува од 8,оо ч. Ќе се чисти Паркот на Могилата ,ќе се врши засадување и зазеленување на површините, ќе се чисти околината на Вештачкото езеро, патот и околината на Манстирот.„Св Димитрија„,во с.Селце, и секаде каде има депонии. Повик до сите правни и физички лица да се вклучат во еко акцијата за зазеленување на Прилеп„- повика директорот на ЈКП Комуналец – Прилеп, Ирена Станковска

Што се однесува до палмите,кои беа засадени во централниот парк, во текот на утрешниот ден ќе бидат исечени и ќе бидат заменети со зимзелени, декоративни дрва ,информираа од ЈКП „Комуналец„- Прилеп

Инаку, пролетта ќе трае до 21-ви јуни, кога календарски започнува летото.

Би можело да ве интересира

Диви депони „никнуваат“ во сите маала. Комуналците со полни раце работа

Елизабета Филипоска

(ФОТО) Пелистер под снег

Елизабета Филипоска

Заработка преку иновативен метод за рециклажа на отпад

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе