5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Заев од Прилеп: Пораките се примени и ќе коригираме се’

Втора трибина пред вториот круг на претседателските избори вечерва одржа во Прилеп пред градскиот саат кандидатот за претседател Стево Пендароски, на која учествуваше и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Дојдовме уште еднаш да се видиме во градот обележје од кој тргнале сите победоносни походи. Важно е масовно да се гласа на 5-ти бидејќи само овој концепт ја води државата во ЕУ и НАТО. 30 години сите партии и политичари сакаа да ја видат државата во тоа друштво. Оваа генерација го оставaрува тој сон. Покана за НАТО добиена, помалку за два месеца и покана за ЕУ, истакна Пендаровски од граѓанската трибина.

Во своето обраќање пред присутните претседателот на СДСМ Зоран Заев потенцираше на резултатите од првиот круг на гласање како на порака која народот ја упати, особено од тие кои биле разочарани.

– Пораките се примени и ќе коригираме се’. Се’ што немало доволно мотивација, се’ што немало доволно сила и време за нашиот народ. Се’ што направило грешки. Никој и ништо нема да му фали но, ќе се помести од местото, да дојде некој што има сила за својот народ. Народот дава чест, народот дава шанса, четирите години тој што ги дава да ги посвети на народот. Нашиот народ очекува добар збор, очекува политичарот или функционерот да му крене телефон, очекува да му даде совет. Мене ми е тоа јасно, зошто зборувам така отворено? Па за што крварев, а и вие со мене? Па за што храброст покажавме?По цена на сите политички поени да ги изгубиме. Зарем да го пуштиме тоа целото низ вода? Не! Или од почеток до крај ќе ја правиме државата или од сред пат нема да ја правиме, истакна Заев , потенцирајќи дека Пендаровски е создаван да биде претседател бидејќи учел од Киро Глигоров, го советувал Бранко Црвенковски и Борис Трајковски.

Би можело да ве интересира

ОО ССДМ:„Не е училиште, туку домот на урбаната заедница „Тризла“

Елизабета Филипоска

Филипче и Јованоски отворено со граѓаните: „Го зголемивме животниот стандар, реализиравме многу проекти„

Елизабета Филипоска

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Иронично е СДСМ да зборува за грижата за земјоделието

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе