Две лица се повредени при пукање од огнено оружје , во угостителски објект во Прилеп. На двете лица им е укажана медицинска помош во Прилепската болница, а полицијата трага по сторителите.
Оод МВР информират дека рано утринава,( ден 13 -ти 05, 2019) околу три часот, во СВР – Битола било пријавено дека во угостителски објект, во близина на железничката станица во Прилеп,имало пукање од огнено оружје.
-Прилепски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати две лица, едното со иницијали М.М.(43) од Прилеп и вториот со иницијали О.И.(28) од селото Лажани, Прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош, – наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се уште се трага по сторителите за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.