3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Крушево се’ повеќе гости – Интервју со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски

Крушево забележува тренд на зголемен број посетители. Но,што нуди Крушево за туристите? Зошто туристите би го посетиле овој град сместен во падините на Бушева планина? Кои интересни содржини може да ги очекуваат посетителите ова лето? Екипата на Радио Пела го посети Крушево и разговараше со првиот човек на градот, градоначалникот, Томе Христоски

 Р.Пела : Според анализите од претходната година, ако се говори за Пелагонискиот регион, Крушево е минатата година е местото каде имало најмногу туристи во овој регион.  На што се должи тоа и какви се очекувањата на Крушевчани за оваа година?

Томе Христоски – градоначалник на Крушево

За разлика од 2017 година, во 2018 та бележиме раст на посетеноста за околу 70% повеќе туристи. Тоа се должи на тоа што поагресивно почнавме Крушево да го промовираме на повеќе саеми за туризам во Европа и светот во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, но и со централната власт, која ни излезе во пресрет, во изготвувањето на различен промотивен материјал за Крушево и агендата е исполнета со повеќе содржини.

После 12 години ги враќаме ридско – планинските трки, зимското издание на „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo)“, исто така стана бренд на Крушево и станавме препознатливи, што прв пат во историјата на Македонија една општина добива признание во областа туризам како „Супербренд Општина за 2017/2018 г“. Општина Крушево е избрана за супербренд во конкуренција на 1 200 компании, институции и организации со гласовите на над 5 000 потрошувачи и стручно жири, што е гордост за градот.

 

 Р.Пела:Што можат да очекуваат туристете ако го посетат Крушево?Зошто би била Крушево интерсна дестинација за посета?!

Крушево продолжува со програмата “Крушево град на културата ,историјата и традиција“ и со манифестацијата “Десет дена Крушевска Република“ со што добивме и званично признание од Министерството за култура (не само отпејувано во песните и химната).дека Крушево е град од Национален интерес и е дел од Националната програма на државата.

Оваа година бележиме раст по бројот на туристи за 70% споредбено со лани. Тоа го забележуваме според уплатената туристичка такса, која во првите два месеци од годинава изнесува 13%. Поголем раст е забележан во месец февруари 32 % повеќе посетеност  во споредба со истиот месец лани. Година  имавме снег и повеќе содржини за посетителите.

Од наредниот период не’ очекуваат и други интересни настани и содржини.  Од 31 мај до 1 јуни ја организираме манифестацијата  „Вечери во чест на Васил Иљоски“, манифестација посветана на писателот и драматург – роден Крушевчанец. Манифестацијата е збогатена со  многу содржини, а во неа  учество ќе земат и учениците од СОУ „Наум Наумоски Борче“,како и аматерски театарски групи. Подготвени сме и за Светскиот куп за параглајдерство, каде Крушево ќе биде центарот на светот за параглајдеристите  од целиот свет, односно за повеќе натпреварувачи кои го обожаваат Крушево,  неговата висина и одлични услови за овој алтернативен спрот. Настанот е планиран од 26 ти мај до 1ви јуни на Мечкин камен. Купот е во рамките на проектот „Локална и регионална конкурентност“ дел од ИПА 2 програма на ЕУ, како дел од под-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“. За овој настан очекуваме повеќе од 150 параглајдеристи од различни држави од светот.  Не’ очекуваат и други настани и  манифестации, меѓу кои и  „Десет дена Крушевска република“, ФИС Ролер ски куп „Тоше Преоски“  итн.  Летово имаме богата програма, а наша цел  е туристите да ги задржиме ден повеќе во Крушево!

 

 Р.Пела: Крушево деновиве го посетија хрватски тур – оператори и новинари со единствена цел да се запознаат со можностите што Крушево ги нуди за Крушево да го постават на својата мапа како туристички предлог за хрватските туристи. Како се претставивте? Какви беа впечатоците ? Што најмногу ги интересираше хрватските тур –оператори? Може ли Крушево да очекува оваа година поголем број хрватски туристи?

Хрватските туристи пред 10-тина години често го посетуваа Крушево, се надевам дека тоа ќе се случи и во наредние години. Се’ почна пред неколку месеци кога Крушево го посети Иво Јосифовиќ, екс преседателот на Хрватска , со кој остваривме и работна средба и се договоривме што поскоро да не посетат хрватските тур – оператори за да се запознаат со Крушево, со цел да им го доближат на граѓаните на Хрватска како идна туристичка дестинација. И пред неколку дена околу 20 тур –оператори пристигнаа во Крушево со новинарски екипи. Беа запознати со знаменитостите со кои располагаме, но и со туристичките капацитети и природни убавини на Крушево. Сепак, сметам дека најмногу ги воодушевивме со нашата љубезност, пријателски пристап , вкусната храна и прекрасната природа. Сметам дека оставивме одличен впечаток како домаќини, со што очекуваме оваа година голем број хрватски туристи  да го посетат Крушево.

 

Посета на хрватски тур- оператори

 

Р.Пела: Со кои капацитети располага Крушево? Има ли доволен број сместувачки капацитети, со оглед на тоа што најавивте голем број туристи оваа година да го посетат градот?!

Во локалните куќи и викендици располагаме со 600 категоризирани соби и смесувања, а што се однесува до хотелското сместување, тука на располагање се хотелите „Монтана“ и „Панорама“ , со што располагаме со капацитет од 1 000 до 1 100 легла. Тоа отвора можност повеќе гости и туристи да го посетат Крушево, но ние како општина сме должни на туристите да им понудиме разни содржини со што ќе го привлечиме дополнително вниманието на гостите кои доаѓаат тука. Веќе пројави интерес стопанственик кој го закупи ски – лифтот и жичарата, на кои, сакаме да отвориме дополнителни ски патеки за зимски период, но и тоа да биде промовирано и во летниот период,  каде што ќе понудиме 42 км. велосипедска- планинарска патека со обележана патека и патокази, планинарски тури  … Еве на пример на 8-ми Септември, на Денот на ослободувањето на Крушево од фашистичката окупација кој се поклопува со Денот на независноста на, организираме планинарска тура до Бушева Планина до врвот Мусица (1788 м.), за која интерес пројавуваат и странските амбасадори во РМ, кои се ,пак, и чести гости во Крушево и се промотори на Крушево во нивните земји.

 

хххххххххххххххх

Ден по нашиот разговор , градоначалникот на Крушево ,Томе Христоски е избран и за член на извршниот одбор на Асоцијацијата на градови со културно наследство, тело при ЗЕЛС,  кое ќе работи на заштита на културното богатство на општините на  Македонија, што е уште една можност Крушево да биде поблиску до можностите за развој како туристичка дестинација во Пелагонискиот регион.

 

Би можело да ве интересира

Tеатарската магија распослана на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Злато за учениците од Крушево на натпреварот по кулинарство

Елизабета Филипоска

Короната забрзано се шири, починаа две лица од Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе