11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кој е виновен што гори депонијата “Алинци “?!

ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп денеска повторно излегоа со прес пред депонијта Алицни.  Ирена Стерјовска Локвенец потенцира дека шест дена, од д 27 јуни до денес 3 јули, градската депонија кај Алинци во близина на Прилеп гори и претставува нова еколошка бомба во срцето на Пелагонија“

“Полето е исполнето со чад и канцерогении состојки, кои се голема закана за здравјето на граѓаните, особено на земјоделците кои работат по нивите, но и вработените во странските фабрики во индустриската зона Алинци. Дали за оваа еколошка катастрофа некој ќе одговара и што ли работат од ЈКП „Комуналец“ под чија надлежност е депонијата ? Загрижен ли е заменик министерот за животна средина Макрадули бидејќи најплодната рамница во Македонија доживува труење од невидени размери ? Дали за оваа штета што се предиизвикува ќе постои одговорност од градоначалникот Илија Јованоски и директорката на „Комуналец“ Ирена Станкоска, или како за се друго луѓето од власта на СДСМ ќе останат недопирливи ? Вака ли изгледа новиот концепт на старо-новиот претседател на ОО СДСМ Прилеп Миле Талески и вака ли ќе работи во интерес на граѓаните ? Во период кога граѓаните се соочуваат со екстремнии горештини само поради неспособноста на власта мораат да дишат и отровен воздух.“- упати низа прашања, Ирена Стерјоска Локвенец, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција

 

ЈКП Комуналец со писмена реакција тврди дека непознати сторители го подметунуваат пожараот и дека за тоа биле запознати и советниците на  последната седница на Совет на Општина Прилеп.Оттаму тврда дека тие со посебно внимание се грижат за животната средина и ја ставиле сета механизација за санирање на позажарите кај депонијата Алинци
“ Како што и предходно информиравме, непознати сторители подметнаа пожар на
депонијата Алинци. Пламенот кој се закануваше да ја зафати целата депонија уште истата
вечер е ставен под целосна контрола .Во гаснењето на пожарот учествуваа вработени во Комуналец, со сета своја расположлива механизација и Третироријалната противпожарна единица. Со крајна пожртвуваност на вработените и пожарникарите е спречена катастрофа од поголеми размери. Вакви пожари во одредени ситуации настанати и со самозапалување ни се случувале и порано. Заради можноста од повторно запалување од ветровите кои постојано дуваат околу депонијата, дежурна екипа од Комуналец, со две цистерни и градежни машини и во моментов се на терен, и ги санира оштетувањата на депонијата. Со цел заштита на животната средина , ,,Комуналец,, посветува особено внимание во правилно третирање на отпадот: собирање, селектирање и депонирање. Депонираниот отпад на депонијата Алинци се покрива со земја.
Во насока на спречување на појава на пожари, подобра заштитата на животната
средина, а пред се заштита на здравјето на жителите на Општина Прилеп, апелираме за
поголема граѓанска свест и одговорност до сите чинители во општинава“ – додаваат  во писмената реакција до медиумите .

Би можело да ве интересира

Во родното Крушево одбележан 38-от роденден на Тоше

Елизабета Филипоска

Заврши ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“

Гордана Цветаноска

Општина Прилеп ги интензивира активностите за отворање на дневниот Центар за деца со церебрална парализа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе